Лососот е особено хранлив и калоричен и многу лесно заситува, па затоа не треба толку често да се консумира. Еднаш до два пати неделно е оптимално.
Иако постојат мали разлики во хранливоста помеѓу разните типови лосос и во зависност од различните начини на нивна преработка (приготвување), сепак секој вид е особено хранлив. Во околу 85g зготвен лосос (не пржен) се содржат околу 150 калории, најголемиот дел од протеини (~22g), но и од масти (~7g). Лососот нема јаглехидратна содржина, советува д-р Александар Митов на неговата веб-страница.
Тој додава дека лососот содржи и солидни количества од останатите витамини од Б групата, потоа фосфор, калиум, бакар, магнезиум, железо, цинк, но и помали количества од витаминот А и од калциумот.
Повеќе за хранливата вредност на лососот и здравствените придобивки од јадењето на оваа морска риба, прочитајте ТУКА, а како да го приготвите лососот на едноставен, а сепак интересен и специфичен начин, погледнете го рецептот на светски познатиот готвач Џејми Оливер.