Непишани секс правила: Дали ќе го поминете тестот?

Потребата за сексуален однос се рангира високо на скалата на потреби на човечкото тело.

Сексуалниот нагон, иако е еден од вродените инстинкти, не е обичен примитивен нагон, бидејќи е тесно поврзан со нашите емоции и психичкиот живот. Секогаш има нешто ново да се научи или да се открие нов поглед на работите што треба да се земат предвид.

Ова се неколку непишани правила за сексот кои секој треба да ги знае. Дали вие би го поминале тестот на знаење?

1. Сексот нема да биде секогаш секси. Понекогаш ќе се чувствувате засрамено, па дури и непријатно за време на сексот. Ова е сосема нормално. Исто така, понекогаш ќе се случи да почувствувате тага или лутина за време на сексот. Не е сѐ само љубов. Сексот е емотивен чин и се случува да чувствувате повеќе емоции за време на сексот. Понекогаш сексот нема да биде добар, сето тоа зависи од вашето расположение и хемија со партнерот/партнерката.

2. Само затоа што со пријател/пријателка сте одлучиле да имате секс одвреме-навреме, не значи дека ќе станете двојка. Не дозволувајте романтичните комедии да ви го трујат умот. Реалноста е дека сексот е само секс и главно нема да се претвори во ништо повеќе.

3. Понекогаш емоциите предизвикани од сексот се толку силни што ќе ве преовладаат. Ова е сосема нормално. Понекогаш ќе сакате да плачете и нема да можете да го објасните тоа. Сексот понекогаш има такво влијание врз чувствителни луѓе. Прашањето е дали партнерот/партнерката ќе го разбере ова.

4. Понекогаш сексот ќе ви остави горчлив вкус во устата. Ќе ви се чини дека сè во вашата врска е одлично, но по сексот сфаќате дека сè уште не е во ред. Нема врска. Се случува. Ако трае - сменете партнер/партнерка.

5. Престанете да мислите дека некој друг се крие под облеката. Ако личноста е пасивна облечена, таква ќе биде и за време на секс. Нема да се случи ништо магично кога ќе се соблечете. Хемијата би требало да ја има и кога сте „закопчани до врат“.

6. Има луѓе кои сакаат да имаат секс со вас, иако никогаш не би го очекувале тоа. Понекогаш ќе се работи за луѓе со кои никогаш не би имале секс.

7. Сосема е во ред повремено да се „одморите“ од секс и некое време да „мирувате“, но не воздржувајте се премногу долго. Не е здраво да се лишувате од секс, ако тоа го сакате.

8. Љубовта не е секогаш подобра од сексот. Некој може да може да живее во брак без секс, но со многу внимание и љубов. Но, ова се многу ретки случаи. Не дозволувајте никој да ви ја наметнува својата животна филозофија. Ако ви треба секс и не можете да го најдете со вашиот партнер/вашата партнерка, завршете ја врската навреме - немојте да се лажете дека нешто ќе се промени.

9. Можеби ќе се заљубите во личноста со која имате секс, но сепак нема да сакате да имате врска затоа што ја цените својата слобода. Имајте на ум дека сексот не ве врзува автоматски со партнерот.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Љубов и секс

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе