НХЛ 2020/21

НХЛ сезоната почнува во јануари со нова дивизиска поделба

Канадските клубови ќе се натпреварувата во сопствена дивизија во новата сезона која ќе почне на 13 јануари.

Бидејќи минатата сезона траеше многу подолго со оглед на прекинот (заврши дури на 28 септември), новата ќе почне дури на 13 јануари иако ќе го зачува името како сезона 2020/21.

Со оглед на настаните, раководството на НХЛ мораше да ги промени и пропозициите, не само календарот. Така, дојде до прераспределба на клубовите по дивизии кои ќе бидат четири и тоа Исток, Запад, Север и Центар. Секој тим ќе одигра 56 натпревари, а во регуларниот дел ќе се натпреварува само против тимови од својата дивизија. Освен Север каде има по 7 тимови, сите останати дивизии содржат по 8.

Најдобрите четири од секоја дивизија ќе се пласираат во нокаут-фазата каде ќе се игра по стариот систем, односно подобар од седум партии, сѐ до Стенли Куп финалето. Во првите две нокаут-рунди меѓусебе ќе играат клубови од иста дивизија, односно првиот против четвртиот и вториот против третиот, а потоа победниците ќе играат помеѓу себе за шампион на дивизијата и така ќе се добијат четирите полуфиналисти.

Новата поделба е резултат на рестрикциите кои канадската Влада ги воведе за патување во САД. Затоа, дивизијата Север ја сочинуваат исклучиво канадски тимови во нешто што всушност наликува на канадска лига. Токму поради тоа Канаѓаните се дополнително возбудени.

„Ќе имаме така малку повеќе гордост играјќи во канадска дивизија. Сигурен сум дека секој ќе биде повеќе мотивиран“, вели Брендан Галагер, напаѓач на Монтреал Канејдиенс.

„Мислам дека ќе биде неверојатно. Ќе биде многу поескпонирано поради канадските медиуми, сите оние веб-страници, зборувањето ќе биде за канадските тимови. И за самите канадски тимови ќе биде одлично поради тоа што ќе наликува малку на олд-скул“, смета тренерот на Винипег Џетс, Пол Морис.

„Ќе биде многу поинтересна сезона за навивачите. Тоа што повеќе пати ќе играме едни против други ќе нѐ направи и поголеми и полути ривали“, рече Марк Џордано, капитенот на Калгари Флејмс.

Тагови
реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Останати спортови

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе