Нова фотографија на кралски бенгалски тигар ги возбуди научниците

Камерите успеаја да „уловат“ кралски бенгалски тигар кој талка низ шумата на надморска височина од 3.165 метри, што е најголема надморска височина на која досега биле забележани овие големи мачки во Непал, објави непалската државна Управа за шуми.

Тигарот случајно беше снимен двапати во ноември, со камера поставена да следи десет диви црвени панди опремени со GPS-сателитски околувратници во шума во источен Непал, се вели во соопштението на Управата за шуми.

Сонам ​​Таши Лама, координатор на програмата „Мрежа на црвени панди“ (RPN), организација која се занимава со зачувување на овој вид панди, рече дека тој и неговите колеги биле изненадени бидејќи никогаш не биле забележани тигри на таа висина во Непал.

Откритието е многу возбудливо за научниците кои се залагаат за зачувување на животинските видови во Непал.

„За нас, ова е посебно откритие. Иако биле забележани тигри на поголеми надморски височини во Бутан, ова е посебно и ново откритие за нас, бидејќи никогаш не помислувавме дека тигар може да живее на такви височини и во Непал. Затоа треба да ја преиспитаме стратегијата за зачувување на овие големи мачки“, изјави Лама за Deutsche Presse-Agentur.

Кралските бенгалски тигри најчесто живеат во областа околу делтата на Ганг и нивните движења на поголема надморска височина се сметаат за многу ретки. На почетокот на оваа година, непалската Управа за шуми соопшти дека е забележан бенгалски тигар на надморска височина од 2.500 метри.

Експертите сметаат дека причина за преместување на тигрите во повисоките области може да бидат климатските промени, додека други сметаат дека е одговорен недостатокот на соодветно живеалиште и извори на храна во областа каде што живееле досега.

Непалските власти се обврзаа на заштита на бенгалските тигри и се близу до нивната цел - да го удвојат бројот на овие големи мачки на територијата на Непал до 2022 година.

URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе