Патување низ носот: Како функционира сетилото за мирис?

Човекот може да разликува милиони различни мириси, но сте се запрашале ли некогаш како всушност тоа функционира?

Носот е навистина уникатно сетило, кое е почеток на дишниот систем во кој делува како одбранбен механизам, но и сетило за распознавање на мирисите.

Носот почнува со носната празнина која со надолжна носна преграда е поделена на две половини. Преградата во почетниот дел е изградена од 'рскавица, додека при коренот на носот таа е ковчеста. Коската која го образува горниот дел од носната преграда е наречена рало. Секоја од двете носни половини содржи носни школки, кои го забавуваат движењето на воздухот. Преку парните носни отвори, наречени ноздри, носот комуницира со надворешната средина, додека преку хоаните остварува врска со голтникот.

Внатрешната слузокожа на носната празнина е покриена со трепчест епител, добро снабден со мукозни жлезди и разгранета мрежа од крвни капилари. Жлездите лачат мукус, лигава течност со бактерицидно дејство. Околу ноздрите, од внатрешната страна, исто така се наоѓаат и влакна чијашто основна функција е спречување на влегување на цврсти честички, прав и слично во носот. Ваквата градба овозможува вдишениот воздух да се затопли, навлажни и да овозможи елиминирање на честички од прав и разни микроорганизми од него.

Во задниот горен дел на носот, на сводот е сместен мирисниот епител кој содржи хеморецептори. Воздухот, минувајќи низ носната празнина затоплен и пречистен, преку хоаните се пропушта во голтникот. Под влијание на микроорганизми или разни хемиски неповолни дразби, доаѓа до зголемено лачење на мукус и до појава на кивавица.

Remote video URL
Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе