Пет едноставни совети: Организирањето на фрижидерот помага во губењето тежина

Ф.З.
/ 16.01.2024 / 13:41

Многу луѓе знаат како ги полнат корпите со здрава храна како овошје и зеленчук, а потоа кога го организираат фрижидерот ги ставаат во фиока и забораваат на нив.

Понекогаш полнењето на вашиот фрижидер со здрава храна е само половина од битката, особено ако се обидувате да изгубите тежина. Сепак, многу луѓе не знаат дека е важен и распоредот на намирниците во фрижидер.

Затоа, нутриционистката Џејклин Ландон споделува пет совети за организирање на вашиот фрижидер кои ќе ви помогнат да се подготвите за процесот на слабеење.

Направете комбинации на здрава храна

Понекогаш единственото нешто што стои помеѓу вас и здравиот оброк е времето. За да си го поедноставите животот и да ги олесните оброците, однапред набавете ја вашата омилена здрава храна за да имате повеќе идеи за тоа што да јадете подоцна.

Обележете ја храната

Нутриционистката Ландон вели да направите сѐ што можете за полесно да додадете повеќе овошје и зеленчук во вашите оброци, а еден начин да го направите тоа е да ја организирате, складирате и означите храната по вид. Поради ова, здравата храна се наоѓа побрзо и полесно, а нездравата храна многу полесно се избегнува.

Ставете ја храната богата со хранливи материи на централните полици

Она што го наведува и нутриционистката Ландон е дека луѓето почесто посегнуваат по здрава храна и грицки кога се наредени на полиците што се повидливи. Затоа е паметно да ги држите во преден план храната како овошје, зеленчук, немасни протеини, морска храна и вашите омилени незасладени пијалаци.

Направете салата

Една од најголемите пречки за поздрава исхрана е подготовката на состојките. На многу луѓе им е тешко по напорниот ден да сечкаат зеленчук и претпочитаат да ги прескокнуваат салатите, кои всушност се важен дел од секоја диета. Затоа е важно да одвоите малку време за миење, сечкање и складирање на зеленчукот и овошјето откако ќе ги купите.

Помалку здравата храна чувајте ја подалеку од видното поле

Уживањето во омилената храна е важен дел од здравата, урамнотежена исхрана. Меѓутоа, за да не претерате, изедете само една порција, а остатокот чувајте го подалеку од видното поле. Со други зборови, чувајте ја таа храна на помалку достапно место како што е внатрешноста на вашиот фрижидер или на долната полица. На овој начин нема да бидете во искушение да ја вкусите секогаш кога ќе го отворите фрижидерот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе