Пресудата за Јуве вечер после 20 часот, обвинителот побара 11 бодови казна

Филип Здравески
/ 22.05.2023 / 12:59

По речиси 3 часа заврши финалното сослушување за случајот со капиталните добивки на Јувентус, обвинителството и одбраната ги имаа завршните зборови, а медиумите од Чизмата велат дека вечерва после 20 часот ќе биде изречена конечната пресуда.

Италијанската фудбалска федерација побара казна со одземање на 11 бодови од тековнава сезона, како и 8-месечна забрана за бавење со фудбал за седуммината поранешни одговорни лица во клубот кои уште по излегувањето на скандалот во јавност си однесоа оставки. Тоа се Павел Недвед, Паоло Гаримберти, Асиа Грациоли-Венје, Кетлин Мери Хјуз, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо и Енрико Велано.

Ова е помала казна од првичната со 15 одземени бодови и 12 месеци за инволвираните лица, која Јуве ја обжали, по што предметот беше вратен на повторно разгледување, а бодовите моментално му беа вратени. Денеска во Федералниот суд за жалби федералниот обвинител Џузепе Кинè го одржа финалното рочиште, по што Судот сега треба да се изјасни за конечната казна.

Откако стигнаа информации за тоа каква казна е побарана за „Старата дама“, акциите на клубот нагло паднаа за 4,2% на италијанската берза Пјаца Афари.

Инаку, Јувентус вечерева игра натпревар од 36. коло во Серија А, а гостува на „Карло Кастелани“ кај Емполи.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Фудбал

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Read more
 

Спорт

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе