Пронајден голем викиншки брод во кој можеби бил закопан крал

Норвешките археолози пронајдоа закопан долг, редок брод овој месец во Јелестад, средновековно археолошко наоѓалиште југоисточно од Осло. Ова е прво вакво ископување во Норвешка последниве 100 години, пишуваат тамошните медиуми.

Поголемиот дел од бродот е изгниен низ вековите, но археологот д-р Кнут Поске од Норвешкиот институт за истражување на културното наследство, верува дека распоредот на железни клинци сепак ќе овозможи изработка на реплика. Бродот бил долг околу 19 метри и широк 5 метри, што го сместува на исто ниво со добро сочуваните викиншки бродови „Осеберг“ и „Гокстад“ кои се изложени во норвешкиот главен град Осло. Овие бродови биле пронајдени на западната страна на широкиот фјорд Осло.

Викинзите тогаш обично пловеле кон британските острови, па го напаѓале и колонизирале крајбрежјето, за што сведочат археолошките остатоци, како и нордиските зборови и имиња на Островот денес. Нордиските Викинзи исто така стигнале и на Исланд, Гренланд, па и Њу Фаундленд и во Северна Америка.

„Воениот брод пронајден во Јелестад потекнува од времето меѓу 750 и 850 година“, изјави д-р Поске за BBC.

Тој вели дека првичните сознанија говорат дека е многу поразличен од другите бродови, а „тоа е навистина возбудливо“, како што нагласи археологот. Се претпоставува оти во него, можеби бил закопан крал.

реклама

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе