Протекоа пораки во кои Чеферин го навредува Перес: Тој е идиот и расист

Протекоа пораки разменети помеѓу поранешниот претседател на Кралската фудбалска федерација на Шпанија и претседателот на УЕФА, а во кои се појавува претседателот на Реал Мадрид.

Односите помеѓу претседателот на Реал, Флорентино Перес, и првиот човек на УЕФА, Словенецот Алксандер Чеферин, почнаа да се рушат во 2019 година.

Причината беше спротивставените ставови околу проектот за Суперлигата. Во тоа време првиот човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, имаше многу добри односи со Чеферин. Шпанскиот весник The Objective ги добил пораките што ги разменувале Рубиалес и Чеферин, а во една од нив Словенецот го нарекува газдата на Реал „идиот и расист“.

Разговорот наводно датира од декември 2019 година. Рубиалес во порака до Чеферин истакнува дека шпанските медиуми го доведуваат во тешка ситуација, го поврзуваат со Чеферин и го туркаат во конфликт со Перес, односно сакаат тој да се изјасни за Суперлигата, но истакнува дека ќе продолжи со идејата на Чеферин бидејќи тоа мора да се направи, иако му е многу тешко.

Рубиалес додаде дека претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, има одредени медиумски куќи в џеб и ги плаќа за да создадат лоша слика за него, но Чеферин го уверил:

„Не грижи се, секогаш ќе бидам на твоја страна“.

„Во добра позиција сме, ако сакаш можам да поразговарам со Флорентино“, му одговорил Чеферин.

„Не можам да ги имам Перес и Тебас во Шпанија на спротивна страна. Перес е горд човек. Тоа ќе биде невозможна позиција за мене“.

На тоа Чеферин му одговорил:

„Не заборавај, и јас имам гордост, не сакам ни јас да разговарам со него. Би го направил тоа само за тебе. Перес е идиот и расист! Не мора поради мене да ја смируваш ситуацијата. Само сакам ти да бидеш во силна позиција“.

реклама

Фудбал

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Read more
 

Спорт

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе