КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ристовски: Политиката постојано нѐ убива, нѐ обединува само фудбалот

Македонскиот капитен во интервју за хрватскиот Sportske Novosti проговори за пласманот во баражот, но и за политичката крижа во земјава кој очигледно допрела и до фудбалерите.

Фото: ФФМ

„Уште спијам, во кома сум!“, вака Ристовски го почнува интервјуто за хрватскиот медиум.

Стефан поради суспензија од жолти картони не настапи на онаа незаборавна победа од 5:0 кај Ерменија, но потоа се врати за одлучувачкиот натпревар со Исланд кој Македонија исто така успеа да го добие, со 3:1, и со тоа да го осигура второто место и пласманот во баражот.

„Македонија никогаш досега не била во ситуација да се бори за европски и светски првенства. Во групите во кои игравме обично освојувавме по 6-7 бодови. Но, во последно време сè се промени. Имаме профил на играчи кои сакаат да напредуваат, кои сакаат големи работи, постигнување големи цели. Успеавме да се пласираме на ЕУРО, а еве сега сме во завршницата од борбата за Светското првенство во Катар. Многу сум среќен поради тоа. Знаете, имаме квалитет, секој заслужува ваков успех“, вели тој.

Фото: ФФМ

Иако сите репрезентативци настапуваат во странски клубови, сепак неодамнешната политичка криза допрела и до нив. Ги погодува и се обидува да им ја наруши атмосферата, но не успеа, а Ристовски вели дека токму репрезентацијата го обединила народот и му донела неизмерна радост.

„Сигурно знаете каква е политичката ситуација во Македонија. Политиката постојано нѐ убива! Народот е постојано поделен. Во вакви лоши времиња нѐ обединува само спортот, а особено фудбалот. Затоа сум пресреќен затоа што во вакви тешки околности барем ние како репрезентација го развеселивме македонскиот народ. Мислам дека не е претерување да се каже дека нашата репрезентација го обедини македонскиот народ! Колку-толку...“, смета капитенот, кој слично кажа и на пресот по натпреварот.

Сега следува репрезентативна пауза до март. Но, прво наредниот петок ќе видиме кој ќе ни падне во жрепката, а потоа во март Македонија ќе се бори за пласман на прв, историски Мундијал.

„Ги имаме уште тие два натпревара... Мислам дека е можно да одиме во Катар, сите веруваме во тоа. Има еден проблем, поради жолти картони нема да можеме да играме со Елмас. Но, ќе ни се врати Аријан Адеми, кој многу ни значи. Само да бидеме живи и здрави до баражот, тогаш многу е можно по ЕУРО да се пласираме и на Мундијал“, заврши Ристовски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе