Серијата „Friends“ е полна со сексизам и хомофобија, велат денешните млади луѓе

Ако живо се сеќавате на 90-тите и уште си мислите дека биле пред 10 години, неизбежно сте го фатиле ТВ-феноменот наречен „Friends“. Серијата важи за една од најгледаните на сите времиња, а нејзините ликови за безвременски.

Но, новата генерација млади луѓе кои прв пат ја гледаат мега популарната серија за која своевремено се сметаше дека ги поместува границите и зборува на теми што до тогаш биле табу, сметаат дека „Friends“ не само што не е смешна, туку е и навредлива.

Омилените пријатели за генерации луѓе, Моника, Рејчел, Рос, Чендлер, Фиби и Џои, беа во нивните 20-ти и 30-ти додека се емитуваше серијата. Нивните проблеми и размислувања беа во тек со модерното време тогаш и ја засмеваа публиката со досетливите коментари, но денешните млади луѓе се далеку од импресионирани.

 

 

Писателката Ребека Рејд вели дека не ѝ се верува колку лошо остарела серијата.

„Неверојатно високо ниво на хомофобија, врвот на секоја шега за Рос е дека неговата поранешна сопруга е лезбијка, дека и тоа е негово ‘промашување’ и дека е пресмешно што го оставила за жена“, вели таа.

„А да не почнувам за сексизмот и притаениот расизам: тое е една од ‘најбелите’ серии што некогаш постоеле.“

Таа сепак вели дека имало делови што ѝ се допаднале и дека зема предвид дека тие сценарија биле пишувани во друго време за кое нејзината генерација само има слушнато.

 

 

ТВ-критичарот Мајк Ворд застанува во одбрана на популарната ТВ-серија.

„Ако не ви е пријатно да го гледате тоа, зошто го гледате?“, вели тој и додава дека критиките против „Friends“ се „беда и очај“.

„Мора да пристапиме на ова како возрасни, да ја согледаме перспективата и контекстот во кој настанала серијата. Во ред е да кажеш дека серијата прави да ти биде непријатно согласно денешните стандарди, но всушност вие го гледате светот низ една многу тесна призма.“

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Филм & ТВ

Филмот за Доналд Трамп разгоре контроверзии во Кан

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Read more

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Филмот за Доналд Трамп разгоре контроверзии во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Читај повеќе
  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе