Што кога сексот во врската е лош?

Се случува сексот со одредена личност да не испадне како што сте се надевале претходно. Причините за тоа може да се различни, но факт е дека за разлика од тоа што го гледаме во филмовите, сексот во реалниот живот секогаш не е совршен.

„Добриот секс не завршува секогаш со оргазам и може да биде длабоко емоционално искуство меѓу двајца партнери“, вели сексологот Логан Левкоф.

Факт е дека и долгогодишни партнери може да се мачат во спалната соба. Иако со партнерот може да разговарате за сè, многумина имаат проблеми да бидат отворени кога станува збор за сексот.

„На многумина сексот им е чувствителна тема. Се плашат да не ги повредат чувствата на партнерот па не кажуваат што сакаат, а што не сакаат. Но, ако не кажете што сакате, нема ни да го добиете тоа“, вели Рејчел Сасман, терапевт за врски и семејство.

Експертите советуваат дека разговорот може да го видите каде било и кога било. Но, пред да разговарате, треба да знаете што ви смета во сексуалниот живот. Дали станува збор за начинот на водење љубов, дали станува збор за хигиената, дали сакате подолга предигра, дали сакате понежен/побрз ритам и слично.

„Мислам дека жените мора да го истражат своето тело. Мора да мастурбирате, набавете вибратор. Набавете неколку книги. Научете се себеси како да доживеете оргазам“, вели Сасман

Што кога едноставно не оди?

Ако сексот не функционира ни откако сте разговарале, тогаш што понатаму?

„Експериментирајте заедно, запознајте ги вашите тела. Пробајте секс играчки, читајте сексуална литература богата со фотографии или слики и заедно изгледајте едукативно видео. Не порнографија, туку експлицитни видеозаписи со гласовно објаснување на сцените“, вели секс терапевтот Исадора Алман.

Понекогаш проблемот е физички, како прерана ејакулација или може да биде поради стрес, во тие случаи е најдобро да се посети сексуален терапевт.

Ако и понатаму сте незадоволни, дали е во ред да лажирате добар секс?

„Ако глумите дека ви е убаво, на крајот тоа ќе се одрази на сексуалниот живот, а и партнерот ќе сфати дека нешто не е во ред“, вели Сасман.

Може ли поради лошиот секс да ја прекинете врската?

„Можеби може некого да сакате иако сексот не е толку добар. Мора да одлучите дали сакате да живеете со тоа. Не може сè да имате во животот. Ако имате прекрасна врска, се сакате и имате деца, но сексот не е најдобар, можеби можете да живеете со тоа“, вели Алман.

Сасман смета дека секој пар има потенцијал за добар секс ако партнерите се подготвени да вложат малку труд во тоа.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Љубов и секс

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе