Сијаличка која возачите не смеат да ја игнорираат

На сопствениците на дизел возила им се препорачува да избегнуваат патувања пократки од дваесет километри за да избегнат затнување на филтерот за саѓи.

 

Филтрите за саѓи (DPF) на современите дизел возила (исто така познати како FAP на некои француски возила) функционираат така што ги собираат ситните честички саѓи кои се производ на согорувањето на горивото во моторите.

Кога ќе се собере доволна количина, филтрите се така програмирани во нив да почнат да горат саѓите. Ова се случува додека возите и овој процес е автоматизиран, со зголемување на температурата на издувните гасови на влезот во филтерот, честичките во него се спалуваат.

Во DPF, постои (само)согорување ако возите 15 до 20 минути континуирано со над 2.500 вртежи во минута.

Британското здружение на овластени сервисери (IGM) излезе со важно предупредување: се препорачува сопствениците на дизел возила да избегнуваат патување помало од дваесет километри со цел да се избегне затнување на филтерот за саѓи.

Предупредување кое не треба да го игнорирате

Согорувањето на честичките саѓи нема да се активира во овие кратки интервали. Ако се појави затнување, ќе светне сијаличката на инструмент-таблата на автомобилот. Во овој случај, веднаш повикајте сервис, односно не стартувајте го автомобилот.

Сервисерот веројатно ќе го регенерира филтерот, а ако тоа не е можно, трошоците за замена можат да бидат и до 15 пати поголеми, во зависност од сервисерот.

Ако регенерацијата не функционира како што треба, тоа доведува до зголемување на количеството на саѓи што влијае на перформансите и потрошувачката на гориво, тоа ќе резултира со блокиран DPF што во крајна линија може да предизвика многу скапа штета на други делови на моторот. Блокираниот DPF исто така е потенцијално опасен, тоа може да предизвика прегревање на системот за издувни гасови и да предизвика ризик од пожар. За да се спречи оваа штета повеќето нови возила ќе одат во "Limp Home" (безбедносен режим) во оваа фаза, тоа значи возилото е со минимална моќност но доволно да стигне безбедно до дома.

За да се случи регенерација се бара од возилото да се вози во некоја брзина на отворен пат, на пример возење на автопат, обично се вози со околу 2.500 вртежи во минута за приближно 15-30 минути, најмалку еднаш месечно, тоа ќе го одржува системот да работи.

Многу дизел возила главно се користат во урбаните средини или на кратки релации, а многу од нив имаат автоматски менувач, така што возилото не добива шанса да се загрее доволно и не е во можност да се спроведе целиот процес на регенерација.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе