На возрасна личност просечно ѝ требаат 7 до 9 часа непрекинат ноќен сон за нормално функционирање на организмот.
Недостигот на сон е дел од модерниот начин на живот, иако секогаш се истакнува важноста за доволната должина на сон во текот на ноќта. Но, ретко се зборува за прекумерното спиење и како тоа влијае на организмот.
По повеќе од деценија како доктор во брза помош во болница, доктор Цесар Карбаљо одговори на едно од најбараните прашања на читателите на Marca. Дали прекумерното спиење е лошо и може ли да има повеќе негативни ефекти отколку позитивни?
„Не се препорачува многу да се спие. Спиењето подолго од 9 часа има штетни последици по здравјето бидејќи вклучува нарушување на сонот кое е еднакво негативно како и недоволното спиење. Ова е првата работа што треба да ја знаете“, вели тој за Marca.
Во случај на депресија, еден од симптомите со кои се соочуваат луѓето е хиперсомнија или често лежење во креветот. Тоа може да доведе до дијабетес.
Долгото спиење го зголемува и ризикот од кардиоваскуларни болести.