Торта со јагоди по рецепт на познатата Мери Бери

Мери Бери е позната британска готвачка, писателка и телевизиска водителка.

Нејзината прва телевизиска серија „Afternoon Plus with Judith Chalmers“ излезе во раните 70-ти. Откако родила три деца, таа продолжила да пишува книги и да снима телевизиски серии за BBC од нејзиниот дом во Бакингемшир. Во 90-тите, таа дури ја започна својата „Aga Workshop“, кулинарско училиште дома, со над 12 илјади посетители во текот на 16 години.

Таа има напишано преку 80 книги за готвење и продолжува да пишува секоја година и по нејзиното кулинарско шоу на BBC. За нејзиниот придонес во кулинарската уметност во 2012 година, Мери Бери беше наградена со Орден на Британската Империја, а во 2014 година ја доби националната награда како кулинарски автор.

Луси торта со јагоди

Потребни состојки:

За колачот:

  • 225 gr омекнат путер плус за подмачкување на калапот
  • 4 јајца
  • 225 gr шеќер
  • 300 gr саморастечко брашно (остро брашно со малку сода бикарбона)
  • 2 рамни лажички прашок за пециво
  • 4 лажици млеко

За филот:

  • 2 лажици џем од јагоди
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 300 gr мали свежи јагоди исчистени и преполовени
  • 300 ml изматена полномасна слатка павлака
  • 200 ml полномасно свежо сирење или намаз од сирење
  • шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C. Тавата за печење намачкајте ја со путер и покријте ја со хартија за печење, дното и страните.

Измерете ги сите состојки за колачот и ставете ги во поголем сад. Матете ги со миксер околу 2 минути додека не се соединат. Истурете ја смесата во подготвениот плех и израмнете ја површината.

Печете во рерна околу 35 минути, или додека колачот не се одвои од тавата. Кога ќе го притиснете врвот на прстот во средината, тој мора повторно да се подигне. Оставете во плехот да се излади.

Извадете ја тортата и исечете ги рабовите за да бидат совршено рамни. Исечете по должина на три ленти, па секоја лента исечете ја така што ќе добиете девет парчиња 7x3 cm. Секое парче хоризонтално пресечете го на половина како пециво за сендвич.

За филот ставете го џемот во сад и прелијте го со сокот од лимон, па измешајте ги со лажица. Промешајте ги јагодите за да добиете глазура во џемот. Измешајте ги павлаката и крем сирењето и ставете поголема количина од тој слој помеѓу двете половини од колачот. На тој слој ставете две-три глазирани јагоди и покријте го со другата половина од колачот. Посипете со шеќер во прав и послужете.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе