Голманот на репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше на одмор. Како што дознава Vijesti, му се слошило во станот во кој престојувал, по што починал.

Матија Шаркиќ пред неколку дена бранеше на пријателскиот натпревар против Белгија во Брисел, но после тоа го пропушти натпреварот против Грузија во Подгорица. По натпреварот против Белгија, шпанска Marca пишуваше за брилијантната партија на 26-годишникот.
Шаркиќ е роден во Гринзби, а кариерата ја започна во Андерлехт. Играше за Виган, Астон Вила, Ливингстон, Вулверхемптон, Шрусбери, Бирмингем, Милвол и Стоук.
За репрезентацијата на Црна Гора одигра 9 натпревари, а дебитираше против Белорусија во пријателски натпревар во 2019 година.
Preminuo golman Crne Gore Matija Šarkić https://t.co/oRscus1esR
— Vijesti (@Vijestime) June 15, 2024
Неговиот брат близнак Оливер Шаркиќ моментално е играч на црногорскиот шампион Дечиќ од Тузи.
Шаркиќ бранеше пртив Македонија на пријателската во март кога во Анталија неговата Црна Гора победи со 1:0.