Аталанта го победи Баер Леверкузен со 3:0 во финалето на Лига Европа во Даблин и со тоа стигна до својот прв европски трофеј во историјата.
Стрелец на сите три гола за тимот од Бергамо беше Нигериецот Адемола Лукман. Првиот гол го постигна во 12. минута, вториот во 26., а третиот во 76. минута.
За средбата коментираше тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, кому ова му е прв трофеј во долгата тренерска кариера.
„Мислам дека испишавме историја, но начинот на кој го освоивме трофејот е неверојатен. Го повторивме настапот од Ливерпул и Лисабон. Спортинг ја освои лигата, Ливерпул беше прв во Премиер лигата кога игравме таму, Баер Леверкузен доминираше во Бундеслигата“, рече тој и продолжи:
„Ние често играме со тројца напаѓачи, моравме да одиме на победа во финалето. Моравме да бидеме офанзивни, немаше да биде доволно само да се браневме. Знаевме дека овие тимови се одлични кога напаѓаат, но не се толку сјајни кога ќе ги натерате да се бранат. Сите беа извонредни. Го заслуживме ова без никакво сомнение против олку јака екипа.“