Тројцата главни играчи на новата Италија на Манчини

Многу веројатно е дека Роберто Манчини нема да добие отказ од селекторското столче на „Аѕурите“, па ќе може да направи ремонт на тимот кој ќе треба да ја одбрани титулата европски шампион во 2024 година.

Шокантниот пораз од 0:1 од Македонија во четвртокот го сруши сонот на Италија за освојување на титулата светски шампион веднаш после покорувањето на Стариот континент. Втор пат по ред „Аѕурите“ ќе пропуштат Мундијал откако исто така во бараж загубија и на патот кон Русија 2018, тогаш од Шведска.

И додека репрезентацијата се подготвува за вечерашниот пријателски натпревар со Турција, кој ќе биде тежок за играње со оглед на тоа што претставува дуел на две репрезентации поразени од мундијалските баражи, сѐ уште се поставува прашањето дали Манчини ќе остане на клупата или ќе си замине.

Доколку Манчини остане, а веројатноста за тоа е голема бидејќи и покрај елиминацијата од „Рисовите“ ја има поддршката на ФИГЦ, во тој случај новата Италија ќе биде предводена од тројца играчи.

1 - Алесандро Бастони

Централниот 22-годишен дефанзивец на Интер е физички силен и тактички надарен бек, висок 190 сантиметри кој поседува експлозивна брзина кога е потребно. Сезонава е стартер кај Симоне Инѕаги и ниту еднаш не потвфрлил.

Бастони е очигледен избор за подмладувањето на одбраната со оглед на тоа што на ветераните Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи им е време да заминат од репрезентацијата, или најмногу да имаат улога на резервисти. Зрелоста на младиот Бастони и речиси никаквата историја на повреди наговестува дека тој ќе биде бедемот пред италијанскиот гол во наредната деценија.

2 - Сандро Тонали

Неверојатно интелигентниот дефанзивен играч од средниот ред на Милан се истакнува со квалитетно и паметно позиционирање без топка и прецизни долги додавања. Овој 21-годишник многу наликува на Андреа Пирло по физичкиот изглед, а по начинот на игра личи на Џенаро Гатузо со оглед на тоа што не се плаши да стави глава онаму каде што многумина не би ставиле нога.

На Тонали сѐ уште му е потребно време да се развие и да созрее, а неуспехот на Италија да се пласира на Мундијалот значи дека има уште две години време да се развива пред наредното големо натпреварување.

3 - Џанлука Скамака

Играчот кој јавноста сакаше да го види како стартер против Македонија, а кој Манчини го изостави. Има 23 години, игра за Сасуоло, а и покрај тоа што е висок 195 сантиметри е изразито агилен и брз. Често го споредуваат со Златан Ибрахимовиќ, делумно поради неговата импресивна техника.

Скамака е сестран напаѓач кој може да ја задржи играта, да трча странично, да се отвори во длабочина и да чека асистенција, едноставно се прилагодува на тоа што ситуацијата во која се наоѓа во моментот го бара. Иако сѐ уште е рано да се каже, возбудлива е самата замисла дека Скамака ќе биде голгетерот кој Италија со години го чека.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе