Вежбањето наутро е најдобро ако сакате да слабеете

А.С.
/ 21.04.2022 / 08:56

Помислата да станете рано в зори за да трчате, возите велосипед или да вежбате можеби ви звучи како невозможна мисија, но ако сакате да слабеете, сменете го ставот.

Најновите истражувања покажуваат дека токму утринското вежбање има поголем ефект во напорите за спабеење отколку тренингот во кој било друг период во денот.

Резултатите од тестирањето за вежбање и слабеење Midwest Excerise Trial 2 покажаа дека луѓето кои вежбаат наутро губат повеќе килограми во споредба со оние кои вежбале попладне или навечер.

Во тестирањето учествувале повеќе од 100 мажи и жени со вишок килограми кои вежбале петпати неделно.

Секој учесник вежбал додека не согори 600 калории.

По 10 месеци тестирање, речиси сите ослабеле, но имало разлика меѓу оние кои вежбале во 7 наутро и оние кои вежбале во 19 часот навечер.

Заклучокот е дека испитаниците кои вежбале наутро биле поактивни во текот на денот во споредба со оние кои вежбале попладне.

Професор Ерик Вилис од Центарот за промовирање здравје и превенција на болести при Универзитетот Каролина вели дека има поврзаност меѓу губењето килограми и времето на вежбање, но дека секако е потребно да се направат повеќе истражувања.

„Битно е да се нагласи дека ако не сте во можност да вежбате наутро, тоа не значи дека вашето вежбање во други делови од денот е залудно. Какво било вежбање, кога било, е подобро од никакво вежбање“, порачува тој.

Remote video URL
реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Фит

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more
 

Магазин

  • filter

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Читај повеќе

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе