Жена излекувана од ХИВ со нов метод на трансплантација на крв од папочна врвца

Благодарение на новиот третман, лекарите успеале да ја излечат жената од ХИВ. Ова е трето лице во светот кое досега е излечено од вирусот што ја предизвикува болеста СИДА.

Експертите користеа нов метод на трансплантација на крв од папочна врвца, со што го отворија патот за заздравување на луѓе од различно расно потекло. Имено, крвта од папочната врвца е многу подостапна од матичните клетки кои вообичаено се користат при трансплантација на коскена срцевина и не мора да одговараат на примателот на толку нивоа.

Повеќето донатори на матични клетки се бели, а многу заболени од ХИВ од други раси не се совпаѓаат со донаторите.

Крв од папочна врвца

Жената, која исто така боледувала од леукемија, примила крв од папочна врвца за лекување на рак. Таа имаше делумно усогласен донатор, наместо типичната практика да се најде донатор на коскена срцевина од слична раса и етничка припадност. Таа, исто така, примила крв од близок роднина за да му даде привремена имунолошка одбрана на телото за време на трансплантацијата.

Научниците веруваат дека ХИВ инфекцијата напредува поинаку кај жените отколку кај мажите. Иако жените сочинуваат повеќе од половина од случаите на ХИВ во светот, тие сочинуваат само 11 отсто од учесниците во испитувањата на процесот на лекување.

Антиретровирусните лекови можат да го контролираат ХИВ, но не водат до целосно излекување. Денес речиси 38 милиони луѓе во светот се заразени со ХИВ вирусот, а околу 73 отсто од нив примаат лекови. Трансплантацијата на коскена срцевина не е реална опција за повеќето пациенти. Ваквите трансплантации се многу инвазивни и ризични, па најчесто се нудат само на болни од рак кои ги исцрпиле сите други можности.

Брзо се опоравува

Досега во светот се познати само два случаи на целосно излекување на ХИВ. „Берлинскиот пациент“, Тимоти Реј Браун, беше без вирус 12 години, додека не умре од рак во 2020 година. Во 2019 година беше објавен нов таков случај, кога беше иозлекуван Адам Кастиљехо.

И двајцата добиле коскена срцевина од донатори кои имале мутација што го блокира ХИВ. Оваа мутација е присутна само кај 20.000 дарители, од кои повеќето се од северноевропско потекло.

Иако трансплантацијата на коскена срцевина била успешна кај овие мажи, тие тешко се опоравуваат од процедурата и имале различни несакани ефекти. Браун за малку ќе умрел по трансплантацијата, а Кастиљехо изгубил речиси 70 килограми, го изгубил слухот и имал повеќе инфекции во рок од една година од третманот.

Спротивно на тоа, жената во вториот случај ја напуштила болницата 17 дена по трансплантацијата и не развила болест во која клетките на донаторот ги напаѓаат клетките домаќини. Пациентката е средовечна и ѝ беше дијагностициран ХИВ во јуни 2013 година. Антиретровирусните лекови го одржуваа нивото на вирусот на ниско ниво. Во март 2017 година ѝ беше дијагностицирана акутна миелоидна леукемија.

Пациентката реши да ја прекине антиретровирусна терапија 37 месеци по трансплантацијата. Повеќе од 14 месеци подоцна, таа беше негативна за индикатори за ХИВ.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе