Знаете дека новите автомобили собираат податоци за вас и начинот на кој возите?

Модерните автомобили нудат бројни системи за асистенција, но тие исто така комуницираат со производителот и го снабдуваат со многу информации.

Неколку примери веќе покажуваат колку податоци несвесно им доставуваме на производителите со секој метар извозен со автомобилот.

Wired пишуваше за одредени модели на американскиот пазар и даде добри примери. Верувале или не, автомобилите може да генерираат до 25 GB податоци за само еден час.

Така, сопствениците на новиот пикап Ford F-150, најпопуларниот модел во Америка, треба да знаат дека производителот добива информации за брзината на движење на секое возило, но и, на пример, за тоа колку силно возачот ја притиска ногата на педалата за гас.

Toyota вели дека собира податоци за однесувањето на воланот, забрзувањето, брзината, сопирањето и дестинации за патување. Некои автомобили буквално го скенираат лицето на возачот пред да тргнат.

Портпаролот на Toyota изјави за Wired: „Овие податоци не можат да ги прочитаат луѓето, а скенирањата на лицето се складираат само во возилото и не се пренесуваат на Toyota“.

И Chevrolet снима податоци, имено параметри за возење, но и локација, правци за возење, па дури и донекаде секундарни податоци како на пример колку е отворен прозорецот. Ако возите електричен автомобил, производителот ќе ги анализира податоците кога ќе го полните возилото дома.

Гигабајти лични податоци секојдневно се испраќаат во базата на податоци за обработка, а американските производители предничат тука. Притоа и самите не бегаат од тоа, туку гордо признаваат дека комуницираат со возилото. И значителен дел од тие податоци несомнено завршуваат во рацете на брокерите на податоци, осигурителните компании, владата и други. Тоа е комбинација на податоци што сајтот Privacy4Cars ги анализира за да дојде до извештаите за приватност на возилата врз основа на официјални документи и согласности од поединечни производители.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе