ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2022

Австриски скијач испиша историја на ЗОИ во Пекинг

Австриецот Матијас Мајер (31) ја одбрани титулата олимписки победник во велеслалом на Зимските олимписки игри во Пекинг, славејќи со четири стотинки предност пред сребрениот Американец Рајан Кокран-Сигл и 42 стотинки пред бронзениот Норвежанец Александер Омот Килде.

Така Мајер стана првиот алпски скијач во историјата кој освоил злато на три различни ЗОИ. Покрај златото во супервелеслалом од Пјонгчанг пред четири години, овој од Пекинг има и злато од спустот од Сочи во 2014. За Мајер ова е и втор медал во Пекинг, во понеделникот освои бронзен во спуст.

Австриецот до победата стигна со добро поминат завршен дел од патеката.

„Пред мојот настап, го видов настапот на Килде на телевизија и знаев дека морам да одам на сè или ништо. Отидов со сета сила до последната врата и се покажа одлично“, изјави Мајер.

Тој стана вториот скијач во историјата кој го одбранил златото во оваа дисциплина, по Норвежанецот Шетил Андреа Омод, најдобар во 2002 и 2006 година.

Кокран-Сигл стана најголемото изненадување на трката, откако постигна само една победа во деветте сезони на Светскиот куп досега, а во вторникот стигна до олимпиското сребро. Норвежанецот Килде во Пекинг пристигна како лидер во Светскиот куп и во спуст и во супервелеслалом, но од Пекинг си заминува со бронзен медал во тие две дисциплини, а во понеделник беше петти во спуст.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Останати спортови

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more
 

Спорт

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе