Поради коронавирусот, НБА лигата мораше да откаже три натпревари закажани за ноќеска, но останатите шест беа доста интересни дуели од еден најмногу се истакна.
Можеби најинтересниот меѓу нив се одигра во „Јунајтед Сентр“ во Чикаго, каде Булс успеаја да го совладаат Лос Анџелес Лејкерси по една вистинска драма. Во поголемиот дел од натпреварот, како и во последните делови, „Езерџиите“ водеа, но на крајот заврши 115:110 за домаќините.
Јунак на натпреварот беше Демар Дерозан, кој на 52 секунди до крајот го доведе Чикаго во водство од 111:110, а потоа тој и Лонзо Бол ја потврдија победата од слободни.
Токму Дерозан беше и најефикасен на натпреварот со дури 38 поени (11 од 24 од игра), додека на другата страна беше Леброн Џејмс кој постигна 31 поен, имаше 14 скока и 6 асистенции, но ниту тоа не беше доволно Лејкерс да победат на гостински терен.
Кармело Ентони постигна 21 поен, Расел Вестбрук додаде 20 со уште 9 скока и 8 асистенции, но им недостасуваше повредениот Ентони Дејвис, па Никола Вучевиќ имаше полесна задача под кошот.
Црногорецот постигна 19 поени и имаше уште 13 скока, но и атрактивна блокада над Леброн, чиј тим ни приближно не бележи резултати какви што се очекуваа. Донесоа бројни засилувања во текот на летото, ветуваа шампионски прстен, но по првите два месеца од сезоната сѐ уште не се „разбудиле“.
Детроит Пистонс - Мајами Хит 100:90
Мемфис Гризлис - Портланд Треил Блејзерс 100:105
Сакраменто Кингс - Сан Антонио Спарс 121:114
Чикаго Булс - Лос Анџелес Лејкерс 115:110
Минесота Вулвс - Далас Маверикс 111:105
Феникс Санс - Шарлот Хорнетс 137:106
Филаделфија 76ерс - Њу Орлеанс Пеликанс
Атланта Хокс - Кливленд Кавалирс
Бруклин Нетс - Денвер Нагетс