Вкусен рецепт за чоко-малина тарт колачи кои се прават за само 15 минути.
Кога ќе дојде летото и топлото време, сè помалку имаме желба да застанеме покрај шпоретот и да подготвиме комплицирани десерти. Овој рецепт од „Praktične žene“ за тарт корпички од чоколадо и малини е идеален за токму топлите летни денови.
Нема да го запалите шпоретот, ќе добиете вкусен десерт кој се прави брзо, а најдобро од сѐ е тоа што е исклучително здрав.
Потребни состојки:
- 2 шолји малини
- 2 лажици чиа семе
- 2 лажици мед
- 2 лажици топла вода
- половина чаша печени бадеми
- половина чаша овесна каша
- 7 урми
- 3 лажици какао во прав
- 3 лажици млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
- прстофат сол
- 50 gr темно чоколадо (за преливот)
Подготовка:
Малините испасирајте ги, па додајте им чиа семе, топла вода и мед. Добро измешајте и почекајте малку да набабрат. Урмите потопете ги во топла вода и оставете ги да отстојат околу 5 минути. Во блендер ставете ги овесните снегулки, бадемите и какаото во прав и сè мешајте неколку секунди. Потоа додадете екстракт од ванила, малку сол, млеко и урмите и сè повторно измелете. Смесата треба да биде густа и лесно да се обликува, а ако е малку посува додадете уште млеко.
Во силиконски калап за мафини со раце формирајте корпички со вдлабнатина во средината. Секоја корпичка наполнете ја со сосот од малини и ставете ја во замрзнувач 5 минути, за малку да се стегне. Чоколадото растопете го во микробранова печка или на пареа, па кога ќе се стегнат корпите украсете ги со малку растопено чоколадо и веќе ќе бидат готови за јадење.