„The Comey Rule“, прва играна серија за Трамп како претседател

Продуцентската куќа Showtime ја објави играната серија „The Comey Rule“ за кампањата и првите месеци на Доналд Трамп како американски претседател. Објавувањето на серијата се совпадна со почетокот на немилосрдната борба за нов мандат.

Освен борбата за власт, пред контроверзниот американски претседател е и борбата за сопствениот живот. Откако го исмеа носењето маски во дебатата со Џо Бајден, Трамп заедно со сопругата Меланија се зарази со COVID-19.

САД веќе се во тешка здравствена и економска криза, со 30 милиони изгубени работни места. Само Disney објави дека овие денови ќе бидат отпуштени 30.000 вработени откако филмската индустрија мака мачи со мистериозниот вирус.

Вниманието на американската јавност овие денови е свртено кон мини-серија направена според бестселер на New York Times. Станува збор за политичка драма премиерно прикажана на 27 септември, за приказната на претседателската кампања на Трамп во 2016 година и првите месеци на Трамп како претседател на најмоќната држава во светот.

Remote video URL

Првиот дел на серијата ја следи истрагата за електронската пошта на Хилари Трамп и нивното влијание на резултатот на изборите, додека втората епизода се фокусира на првите денови на Трамп во Белата куќа во 2017 година.

Џејмс Коми за проектот вели дека ја носи приказната за денешна Америка и времето на лажни информации, време кога треба да се направи најдобар избор меѓу ужасните опции кои се нудат. Поранешниот директор на ФБИ порачува како и државата и владеењето на правото се поважни од која било партија.

Актерот Брендан Глисон го претставува Трамп во полно светло. Адаптацијата на книгата и режијата е на Били Реј („The Hunger Games“ и „Captain Philips“), а проектот нуди увид во хаосот кој владее во администрацијата на Трамп.

Републиканците серијата „The Comey Rule“ ја етикетираа како добросмислена пропаганда против Трамп. До изборите има уште еден месец, а светот овие денови се прашува што би се случило доколку Трамп поради коронавирусот и хоспитализацијата мора да се повлече од претседателската трка.

Ниту еден американски кандидат во историјата на САД досега не умрел ниту поради болест ја прекинал кампањата. Во премиерното прикажување „The Comey Rule“ серијата ја гледале скоро милион потенцијални гласачи на изборите.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе