Џастин Тимберлејк им се извини на Бритни Спирс и Џенет Џексон: Знам, потфрлив

Поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк вчера објави јавно извинување до поранешната девојка Бритни Спирс и пејачката Џенет Џексон велејќи дека „потфрлил во минатото“.

Тимберлејк се обрати преку неговиот Instagram профил по критиките на социјалните мрежи и медиумите оваа недела во врска со интервју дадено пред 20 години во кое тој зборуваше за неговиот сексуален живот со Спирс, кога и двајцата беа на врвот на својата кариера.

Реакцијата следеше по емитувањето на ТВ документарецот „The New York Times Presents: Framing Britney Spears“ за подемот и падот на пејачката.

Документарецот ја потсети јавноста на несоодветните медиумски појавувања на Тимберлејк во кои тој вулгарно зборуваше за нивниот сексуален живот.

Тимберлејк и Спирс беа во врска околу три години пред нагло да раскинат во 2002 година.

Пејачката еднаш изјави дека била девица кога влегла во врска со Тимберлејк и дека сака да ја изгуби невиноста во брак со саканата личност.

Во едно интервју, Тимберлејк на многу грд начин откри дека тој и пејачката имале секс за време на врската и ја напишал песната „Cry Me a River“ во која тој имплицира дека Спирс го изневерувала во врската.

Remote video URL

Тимберлејк со години го следат обвинувања дека не презел доволно одговорност за инцидентот на Супербоул во 2004 година кога откина парче од облеката на Џенет Џексон за време на нивниот заеднички настап, што резултираше со разголување на десната дојка на пејачката.

„Поточно, сакам да им се извинам на Бритни Спирс и на Џенет Џексон, и на двете поединечно, затоа што ми се драги и ги почитувам тие жени и знам дека потфрлив“, напиша 40-годишниот Тимберлејк во објавата на Instagram.

Тимберлејк, кој моментално е во брак со актерката Џесика Бил, изјави дека му е жал што порано не зборувал за тоа.

„Разбирам дека во овие моменти и во многу други, потфрлив и имав корист од системот што одобрува мизогинија и расизам“, напиша тој.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Музика

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе