Десерт кој враќа во детството: Божикни линцер колачи

Целиот дом ќе мириса празнично, а колку подолго стојат, толку се поубави.

Мирисот на домашните колачиња секогаш нѐ потсетува на кујната на нашата баба, кога во лимена кутија секогаш нѐ чекаа вкусни колачиња. Направете прекрасно тесто за колачињата линцер исполнето со џем и израдувајте ги вашите најмили. Овој специјалитет најмногу се подготвува на зима, околу Нова година и Божик. Не само што се вкусни, туку и прекрасно изгледаат, па ќе ја украса секоја маса, а се достојна замена за ванилиците. Познатиот бисквит го добил името по австрискиот град Линц и тортата линцер, која се прави од кратко тесто со путер и џем.

Потребни состојки:

  • 150 гр путер
  • 75 гр шеќер во прав
  • 250 гр брашно
  • 1 жолчка од јајце
  • 100 гр џем по желба

Подготовка:

Путерот чуван на собна температура соединете го со шеќер во прав. Потоа додадете ја жолчката, измешајте, па истурете го просеаното брашно. Замесете тесто, па ставете го на плех и покријте го со хартија за печење, па расукајте го до дебелина од 4-5 милиметри. Ставете го во замрзнувач 15 минути, а потоа извадете ја хартијата за печење и со чаша направете кружни форми. Всушност, формите можат да бидат и по желба. Половина од бисквитите оставете ги цели, а на половината направете им мала дупка на средината (или некоја друга форма). Наредете ги во плех покриен со хартија за печење и печете ги на 180°C околу 12-15 минути. Истурете го џемот во кеса за замрзнување и исечете дупка. Сипајте го врз целите бисквити во средината, а потоа преклопете ги со бисквитите со дупка. Дупката мора да биде таму каде што е џемот, за да може да се види. На крајот можете и да ги украсите со шеќер во прав.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Рецепти

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more
 

Магазин

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Читај повеќе