Објавен е трејлерот за филмот Jeanne du Barry со Џони Деп во главната улога, а обожавателите на актерот можат да видат уште една негова трансформација.
Деп немал нов филм од судскиот процес за клевета против неговата поранешна партнерка Амбер Херд, а поради нејзините обвинувања беше означен како непожелен за многу холивудски проекти.
Неговите обожаватели се особено возбудени поради претстојниот француски биографски филм „Jeanne du Barry“.
Во филмот „Jeanne du Barry“, по сценарио и режија на Маивен и Теди Луси-Модест, Деп го игра Луј XV, а Маивен ја игра Мадам ду Бари.
Други членови на актерската екипа се Пјер Ричард, Ноеми Лвовски, Бенжамен Лаверн, Мелвил Пупо, Паскал Грегори и Индија Хер.
Филмот ја следи приказната за Жан Воберние, млада жена од работничката класа која е гладна за култура и задоволство и ја користи својата интелигенција и привлечност за да се пробие нагоре по скалата на елитното друштво.