Експерт за подморници: На сликите се гледаат 6 работи што тргнале наопаку

Тој откри 6 работи што тргнале наопаку на подморницата „Titan“, а вели дека ги воочил уште на фотографиите од извлечените делови.

Врвниот експерт за подморници, д-р Грем Џоунс, по објавувањето на првите фотографии од извлечените остатоци од „Titan“ изјави дека постојат најмалку 6 траги што откриваат што веројатно тргнало наопаку на трагичното патување. Синоќа (28 јуни), 10 парчиња од распарчената подморница беа извлечени од дното на океанот и донесени на брегот.

Американската крајбрежна служба откри и дека на остатоците се пронајдени траги од човечки останки. Во кобниот инцидент загинаа Хејмиш Хардинг, Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, заедно со искусниот француски нуркач Пол-Анри Наржоле и извршниот директор на OceanGate, Стоктон Раш.

Д-р Грем Џоунс, кој е професор по машински и поморски инженеринг на Универзитетот во Плимут, го изнесе своето мислење за како преку погрешни проценки на OceanGate, компанијата која ги води турите до „Титаник“, дошло до трагедијата.

Неговата анализа доаѓа само неколку дена откако OceanGate призна дека трупот на „Titan“ е направен од карбонски влакна и купен од компанијата за авио-вселенски инженеринг, Boeing, и тоа со огромен попуст бидејќи веќе одамна му поминал рокот на траење за употреба во авионите.

Прозорец со слаб квалитет и пукнатини

Професорот рече декла прозорецот што се користеше на „Titan“ не требало да се монтира на подморницата која имала цел да се спушти на длабочина од 3.700 метри. „Мислам дека типот што го водел ова всушност правел големи грешки и бил премногу самоуверен во своите пресметки“, изјави тој за Sun. „Би настанале пукнатини на прозорецот. Можеби на почетокот не ги гледале, но секој пат стануваат малку поголеми пред да станат критични“.

Електрична катастрофа

Д-р Греам-Џонс рече дека непријатната електрика можела да предизвика сериозни проблеми со начинот на кој била контролирана подморницата. „Ова може да било електрична катастрофа. Може да било корозија, може да било пожар. Некои од цевките и деловите што водат надвор можеле да почнат да протекуваат. Ако имате жица што излегува надвор, тогаш тие жици што минуваат низ земјата можеле да почнат да протекуваат. Можеле да кородираат“.

Микроскопски пукнатини

Д-р Џоунс рече дека дури и најмалата пукнатина на трупот може да предизвика подморницата да имплодира, со оглед на огромниот притисок што се чувствува илјадници метри под површината на океанот. Тој тврди дека „пукнатината можела да биде кршлива или еластична и поврзана со замор и раслојување“. Професорот додаде: „Со скенирање под електронски микроскоп, можете да го видите заморот и да ја потврдите брзината и насоката на пукнатините“.

Прекумерна топлина

Експертот вели дека иследниците ќе испитаат дали оштетените остатоци покажале знаци на загревање, корозија и свиткување. Но, додаде дека ќе биде тешко да се утврди дали овие проблеми биле постоеле од претходно, односно пред да отиде подморницата на кобното патување, или се развиле токму тогаш.

Претходни дефекти

Професорот рече дека трупот од карбонски влакна на подморницата може да ги содржи сите одговори за тоа дали имало проблем со него пред и да ја допре водата. Д-р Греам Џоунс тврди дека сите прегради под притисок на подморницата би можеле да ја истакнат причината за катастрофата, но признава дека истрагата може да предизвика конфузија кај инволвираните поради значителната штета од имплозијата.

Извртени жици во преградата под притисок

Жиците во преградата под притисок на пловилото, клучна компонента на секој простор под притисок што го држи цврсто заптивката, можеби кородирале и предизвикале дефект. „Клучно е да се осигураме дека тие се обидуваат внимателно да ги соберат сите делови за да нема дополнителни оштетувања на собраните делови“, додаде тој. „Од визуелен и зголемен приказ, може да се снимаат патеки на пукнатини на компонентите“.

Тагови
реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Скокнаа цените на нафтата

Read more

Вести

Слушате музика која околу не се слуша: Нова технологија менува сè - без кабли, без слушалки

Read more

Приказна од антиката: Како Милон од Кротон го измислил прогресивниот тренинг?

Read more

ФБИ предупредува на кои веб-страници ризикувате кражба на податоци

Read more

Во Англија откриено огромно складиште од железното време кое може да го промени разбирањето на историјата

Read more
 

Гик

Слушате музика која околу не се слуша: Нова технологија менува сè - без кабли, без слушалки

Читај повеќе

Кинезите први во светот трансплантираа модифициран свински црн дроб на човек

Читај повеќе

Гумите за џвакање испуштаат стотици честички микропластика во устата

Читај повеќе

Приказна од антиката: Како Милон од Кротон го измислил прогресивниот тренинг?

Читај повеќе

Папуа Нова Гвинеја го блокираше пристапот до Facebook поради лажни вести и порнографија

Читај повеќе
  • play_arrow

Indiana Jones and the Great Circle во април доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

ФБИ предупредува на кои веб-страници ризикувате кражба на податоци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во Англија откриено огромно складиште од железното време кое може да го промени разбирањето на историјата

Читај повеќе

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

Читај повеќе