Ешли Барти пишува книги за деца

Откако ја изненади спортската јавност со одлуката да се повлече од професионалниот тенис, поранешната најдобра светска тенисерка Ешли Барти најави дека отвора ново поглавје во својот живот, посветувајќи се на пишување книги за деца.

Австралијката, која минатиот месец на 25-годишна возраст одлучи да ја прекине својата тениска кариера, изјави за News Corp дека ќе издаде серија од шест книги под наслов „Little Ash“ (Малата Еш) со многу приказни, кои ќе се темелат на нејзините животни искуства и нејзиното семејство.

Барти рече дека инспирацијата за својот нов проект ја нашла во својата петгодишна внука Луси.

Серијалот од шест книги со авторскиот потпис на Барти ќе го објави издавачката куќа HarperCollins, а првата книга е најавена за мај.

– Овој проект е многу интересен и отсекогаш сакав да го работам, изјави Барти.

Според најавите, издавачката куќа кон крајот на годината ќе го објави и нејзиниот втор проект, момоари за животот на Ешли Барти и нејзиното спортско патешествие.

– Со 25 години не е баш вообичаено вакво нешто да се случува, но тоа е многу возбудлив проект. Гледањето наназад и прераскажувањето на тоа ми донесе толку многу радост, но и болка, меѓутоа мислам дека ќе биде многу добро четиво, додаде поранешната најдобра светска тенисерка.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе