Како изгледал списокот за пазарење на Галилео од 1609 година?

На задната страница од едно писмото од 23 ноември 1609 година, Галилео Галилеј составил список за купување.

Есента 1609 година 45-годишниот италијански астроном Галилео Галилеј предавал геометрија, механика и астрономија на Универзитетот во Падова. Тој бил во вонбрачна врска со Марина Гамбе, со која имал три деца, ќерките Вирџинија (9) и Ливија (8) и тригодишниот син Винченцио.

Заедно со грижата за иднината на вонбрачните деца, Галилео бил опседнат со мислите за небото. Една година претходно слушнал дека некој во Холандија направил телескоп, па врз основа на описот, наредната година успеал сам да го конструира. На сликата горе е прикажана фреска од Џузепе Бертини - презентацијата на телескопот од Галилео пред венецијанскиот дужд во летото 1609 година.

Во ноември истата година, Галилео ја составил следнава листа, која ни дава необичен увид во околностите и начинот на живот во тоа време, како и во неговиот семеен живот. Имено, Галилео планирал патување во Венеција каде ќе ги посети пријателите и ќе пазарува, вклучително и делови за следниот телескоп. Доколку успеел да изгради телескоп со поголемо зголемување, тоа ќе му овозможело не само подобро да го набљудува небото, туку и да заработи од продажбата на новиот уред.

На задната страница од писмото со датум 23 ноември 1609 година, Галилео составил список за купување:

- Чевли и капа за Винченцио
- Наметка за Марина
- Леќа, наут, ориз, суво грозје, спелт
- Шеќер, бибер, каранфилче, цимет, зачини, џем
- Сапуни, портокали
- Два чешла од слонова коска
- Малвазија од господин Сагредо
- Две топовски ѓулиња
- Цевка за оргули од калај
- Германски рамни леќи, полирани
- Парчиња од огледала
- Огледало со знак на кралот
- Во Кале деле Акуе прават длета
- Да се реши проблемот со железните топчиња, да се направат од камен или налик на топовски
- Железо за пеглање
- Смола
- Фелт, за полирање на огледала
- Волна
- Да се плати долгот на лорд Манучи и да му се врати Едилито.

Галилео успеал да изгради подобар телескоп, а следната година, во 1610 година, објавил мал астрономски памфлет што го нарекол „Ѕвезден гласник“. Во него, меѓу другото, ја опишал површината на Месечината, голем број ѕвезди во Млечниот Пат, како и едно од најголемите откритија од таа ера – четирите сателити на Јупитер.

Откривањето на овие сателити не се вклопувало во геоцентричниот поглед на универзумот прифатен од црквата, па тврдењата од „Ѕвездениот гласник“ брзо се прошириле низ Европа и поттикнале голем интерес за астрономијата. Истовремено отвориле спор со црквата, кој кулминирал во следните децении.

На 13 февруари 1633 година Римокатоличката инквизиција го уапсила Галилео Галилеј во Рим по што му се судело за ерес. Пресудата била дека е виновен за ерес поради тврдењето дека Сонцето не се движи и дека Земјата не е центар на универзумот и се движи, но со олеснителна околност. Бил осуден на домашен притвор до крајот на животот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе