Не заборавајте да проверите дали вашиот компјутер може да го стартува новиот Call of Duty, бидејќи можете да ја играте уште од денес.
Call of Duty, поточно Modern Warfare II, официјално излегува на 28 октомври, но сите што ќе ја купат во периодот на преднарачка ќе можат да ја играат кампањата осум дена порано, на 20 октомври.
Activision соопшти дека опцијата за инсталација е веќе достапна.
Од Activision појаснија дека инсталацијата ќе се однесува исклучиво на кампањата, а инсталацијата на комплетната игра ќе биде достапна на 26 октомври од 19 часот по наше време. Modern Warfare II ќе биде достапен за играње во целост на 28 октомври во 6 часот.
Покрај датумот и времето, за оние кои не се сигурни дали го имаат потребниот хардвер, Activision исто така појасни каков компјутер е потребен за да се игра Call of Duty: Modern Warfare II. Можете да ги видите четирите категории на барања подолу:
Процесор: Intel Core i3-6100 / Core i5-2500K или AMD Ryzen 3 1200
RAM: 4 GB
Слободен простор: 72 GB на денот на лансирањето + 32 GB за изборни графички додатоци
Графичка картичка: Nvidia GeForce GTX 960 или AMD Radeon RX 470, 2 GB
Процесор: Intel Core i5-6600K / Core i7-4770 или AMD Ryzen 5 1400
RAM: 6 GB
Слободен простор: 72 GB на денот на лансирањето + 32 GB за изборни графички додатоци
Графичка картичка: Nvidia GeForce GTX 1060 или AMD Radeon RX 580, 4GB
Процесор: Intel Core i7-8700K или AMD Ryzen 7 1800X
RAM: 16 GB
Слободен простор: 72 GB на денот на лансирањето + 64 GB за изборни графички додатоци
Графичка картичка: Nvidia GeForce RTX 3060Ti или AMD Radeon RX 5700 XT, 8 GB
Процесор: Intel Core i9-9900K или AMD Ryzen 9 3900X
RAM: 16 GB
Слободен простор: 72 GB на денот на лансирањето + 32 GB за изборни графички додатоци
Графичка картичка: Nvidia GeForce RTX 3080 или AMD Radeon RX 6800 XT, 10 GB
Без оглед на хардверот, на гејмерите ќе им треба барем 64-битен оперативен систем Windows 10 со инсталирани најнови ажурирања и двигатели за графичка картичка. Дополнително, исто како и играта Overwatch 2, играчите ќе треба да го поврзат телефонскиот број со нивниот профил за да бидат верификувани.