Кои се кинеските правила за вештачка интелигенција?

Кинески регулатор ги откри нацрт-прописите за секторот за генеративна вештачка интелигенција со фокус на одговорноста на компаниите за кредибилитетот на податоците што се користат за создавање содржина.

Кина ги поддржува иновациите и примената на вештачката интелигенција (AI/ВИ) и охрабрува употреба на безбеден и доверлив софтвер, алатки и ресурси со податоци, но содржината произведена од генеративната вештачка интелигенција мора да одговара на основните социјалистички вредности на Кина, соопшти CAC.

Според тоа, компаниите ќе бидат одговорни за кредибилитетот на податоците што се користат за „учење“ на генеративни производи со вештачка интелигенција и ќе мора да преземат мерки за да се спречи дискриминација при креирање алгоритми и податоци, додаваат тие.

Компаниите, исто така, ќе мора да бараат од корисниците податоци за идентитетот и други поврзани информации, а доколку не ги почитуваат прописите, ќе се соочат со парични казни, суспензија на услугите и, потенцијално, кривична истрага.

Доколку нивните платформи создадат „несоодветна“ содржина, тие ќе мора да ја ажурираат својата технологија во рок од три месеци за да спречат тоа да се повтори, велат од CAC.

Јавноста може да се произнесе за предлозите до 10 мај, а прописите би можеле да стапат во сила до крајот на годинава.

Регулативите на CAC се совпаднаа со напорите на неколку влади да ги ублажат опасностите од новата технологија, која доживеа вистински бум од лансирањето на ChatGPT на OpenAI, привлекувајќи ги и потрошувачите и инвеститорите.

И голем број кинески технолошки гиганти, вклучувајќи ги Baidu, SenseTime и Alibaba, претставија генеративна вештачка интелигенција во последниве недели што може да се користи во низа апликации, почнувајќи од чат-ботови до алатки за создавање слики, забележува Reuters.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе