НБА 2020/21

Лука Дончиќ си поигра со Голден Стејт

Кошаркарите на Далас Маверикс буквално си поиграа среде Сан Франциско со тимот на Голден Стејт Вориорс победувајќи ги со 30 поени разлика, а нова феноменална партија одигра словенечкото чудо.

Маверикс веќе во првата четвртина го решија победникот (12:36), а фактот што домашните на полувреме заминаа со само 29 постигнати поени доволно кажува колку беа очајни во нападите. И во продолжението од натпреварот гостите доминираа, а Вориорс дури во финишот донекаде избегнаа катастрофа.

Лука Дончиќ беше незапирлив за домашната одбрана постигнувајќи 39 поени, а на нив им додаде и 8 асистенции и 6 скокови. Помош имаше од бројни соиграчи, па така Фини-Смит, Хардавеј и Мели постигнаа по 13 поени. Кај Вориорс најдобар беше Стеф Кари со 27 поени, а Мулдер постигна еден поен помалку.

Натпреварот го одбележа и исклучувањето на српскиот центар Бобан Марјановиќ. Тој на 2 минути и 39 секунди до крајот во обид да блокира со рацете го закачи по глава Џордан Пул.

Remote video URL

Далас е на 6. место за Западпот со 34 победи и 27 порази, додека Голден Стејт е на 10. место со скор од 31-31.

Резултати:
Бостон Селтикс - Оклахома Сити Тандер 115:119
Шарлот Хорнетс - Милвоки Бакс 104:114
Индијана Пејсерс - Портланд Треил Блејзерс 112:133
Торонто Репторс - Бруклин Нетс 103:116
Хјустон Рокитс - Минесота Тимбервулвс 107:114
Голден Стејт Вориорс - Далас Маверикс 103:133

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Кошарка

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе