Маск планира да наплаќа месечна претплата на сите корисници на X (Twitter)

Сопственикот на социјалната мрежа X, позната како Twitter, Илон Маск, изјави дека планира да наплаќа претплата за користење на X на сите корисници, со цел борба против ботови.

Оваа идеја Маск ја изнесе за време на опсежен разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Се префрламе на мала месечна исплата за користење на системот Х“, му рекол Маск на Нетанјаху, според Variety.

Маск не кажа колку новиот план ќе ги чини корисниците на социјалната мрежа, ниту кои други функции ќе бидат вклучени во плаќањето. Тој посочи дека тоа ќе биде мала претплата.

Својата идеја ја објасни како најефективен начин за борба против системот на ботови. Рече дека тоа што на секоја корисничка сметка ѝ треба одредена сума пари ќе го намали интересот на оние кои формираат такви групи на луѓе. Тој, исто така, вели дека ќе биде покомплицирано за бот компаниите, бидејќи ќе им биде тешко да најдат голем број различни банкарски картички кои ќе бидат потребни за плаќање.

Моментално на X се наплаќа само сината проверена етикета која Маск ја воведе кога ја презеде компанијата и таа претплата чини 8 долари. Потврдениот корисник има повеќе придобивки од обичниот корисник, а неодамна има опција да ја скрие својата потврда.

Извештаите, исто така, велат дека имало разговор во компанијата за наплата за користење на X на секој што сака да има профил на оваа социјална мрежа.

Тагови
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Интернет

Кое е најгледаното видео на TikTok во 2023 година?

Read more

Порно сајтовите воведуваат големи промени за корисниците

Read more

Meta ја откажува опцијата за допишување со Facebook пријателите на Instagram

Read more

Откази за 1.500 вработени во Spotify

Read more
 

Гик

Една од најсјајните ѕвезди ќе исчезне од небото за кратко време

Читај повеќе
  • play_arrow

Избрани најдобрите видеоигри за 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците сега го имаат Roadrunner, убиецот на дронови

Читај повеќе

Нов тест на крвта открива кои органи стареат најбрзо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кое е најгледаното видео на TikTok во 2023 година?

Читај повеќе

Honor ќе претстави три Magic6 флегшип телефони

Читај повеќе

Strava овозможи праќање на приватни пораки помеѓу корисниците

Читај повеќе

Порно сајтовите воведуваат големи промени за корисниците

Читај повеќе
  • filter

Претставен смартфонот OnePlus 12, основниот модел чини 610 долари

Читај повеќе