На 10.000 метри експлодирал моторот - жена висела од скршениот прозорец на авионот

По само 22 минути во воздух, пилоткињата Теми Џо Шулц на висина од речиси 10 илјади метри се нашла во борба за својот и за животот на 144 патници и 5 членови на екипажот во авионот.

Беше април 2018 година. авионот кој го управувала, Boeing 737, летал од Њујорк за Далас.

За Теми Шул и нејзиниот копилот Дарен Елисор патувањето почнало најнормално, како и секој претходен комерцијален лет со кој управувала. Теми Џо Шулц била воен пилот и учествувала во Заливската војна како член на военото воздухопловство.

Откако речиси ја достигнале висината за летање, по 22 минути лет, во авионот се слушнал силен тресок и Boeing-от се накривил 41 степен налево.

Кабината почнала да се исполнува со чад, а стјуардесите трчале од патник до патник за на секој да му ја стават маската со кислород која според вообичаената процедура веднаш се појавила пред сечие лице.

Црниот чад почнал да го исполнува и кокпитот во кој Шулц и Илисор се бореле да задржат контрола над авионот. Двајцата сѐ уште не биле свесни што се случува во кабината. Преку радио побарале помош од контролата на лет.

„Ништо не гледавме, не можевме да дишеме, а болката во ушите беше продорна. Во исто време, авионот силно влечеше налево, а носот се наведна, полека тонејќи кон земјата“, напиша Шулц во книгата „Nerves of Steel“, која ја објави неколку години по несреќата.

Во едно интервју откри и дека мислела дека ги удрил друг авион. „Ударот беше јак, а потресот силен. Слушнавме експлозија. Инструментите кои ни ја покажуваа работата на моторот трепкаа. Потоа имаше тресење. Не можевме да се фокусираме, чад се проби во кокпитот. Татнежот беше толку гласен што не можевме да го слушнеме сопствениот глас. Иако Дарен и јас си викавме еден на друг, исто така мавтавме со рацете затоа што знаевме дека не можеме да се слушнеме.

Но, тоа не било судир. За време на летот експлодирал левиот мотор. Шрапнелите се распрснале во воздухот и скршиле еден прозорец од авионот.

Брзајќи од ред до ред за да ги проверат патниците, на 14-тиот ги чекала застрашувачка сцена. Стјуардесата Рејчел Фернхајмер видела дека горниот дел од телото на 43-годишната патничка Џенифер Риордон виси низ прозорецот на авионот, додека долниот дел е сè уште прикачен за столчето благодарение на безбедносниот појас.

Друга стјуардеса, Сеник Мелори, по неколку неуспешни обиди да ги пробие налетите на воздух, конечно стигнала до интерфонот и им кажала на пилотите што се случува во кабината. Пилотите веќе имале побарано итно слетување на аеродромот во Филаделфија.

Следеле неколку восхитувачки маневри. Двајца патници, Алфред Тамлинсон и Марти Мартинес, грчевито ги држеле нозете на Џенифер Риордон. Пилотите знаеле дека поради големата брзина не можат да ја повлечат назад во кабината. Од друга страна, морале да ја одржуваат брзина за да не им се преврти авионот настрана. Сепак, успориле. Тамлинсон и Мартинес успеале да ја внесат Риордан во кабината. Веднаш започнале со срцева масажа.

Стјуардесата Рејчел Фернхајмер подоцна изјави дека не можела да стигне до своето место за време на слетувањето. Клекнала на подот, додека патниците ја придржувале. Иако Шулц морала да слета со многу поголема брзина од очекуваната за слетување со два мотора, контактот со пистата бил изненадувачки мек. Успеала да го приземји авионот.

„Откако слетавме, ја тргнав маската за кислород, си ги собрав работите, ги зедов слушалките и се ракував со патниците како што тие излегуваа. Потоа на Дин (мажот ѝ, заб. на прев.) му пратив фотка од расипаниот мотор и реков: Летав со овој“.

Потреснбите дсетали одс априлскиот лет прв пат ги објави Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) во ноември минатата година, со детали за тоа како експлодирал моторот на авионот на компанијата Southwest Airlines на летот 1380, кој пренесувал 144 патници и 5 членови на екипажот.

За жал, и покрај сите напори, патничката Џенифер Риордан не успеала да се спаси.

„Се молев с уште да е жива. Се сеќавам дека помислив: 'Сигурно се мсрзнува'. жал ми е што не оптидов по џемпер за да ја покријам“.

Иако изведе херојски маневр, Шулц пред издфавањето ан книгата не сакаше јавно да зборува од почит кон фамилијата на Риордон.

„Кога ќе загубите патник, чувтсвотои е целосно поинакво отколку кога немна да загубите“, рече таа.

Што го предизвикало кварот?

По повеќегодишна истрага спроведена од НТСБ, беше утврдено дека тринаесеттиот од 24-те сечила на пропелерот на моторот се скршил за време на летот.

За оваа несреќа е посветена петатта епизода наречена „Cabin Catastrophe“ од 21. сезона на канадската документарна серија „Air Crash Investigations“

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе