Најлесниот рецепт досега: Пица од тортиља, готова за само 10 минути

Ви се јаде пица, не сакате да порачате, а не сте расположени сами да си замесите тесто? Постои брз и лесен начин да ја исполните вашата желба - направете ја на тортиља.

Она што ви треба се тортиљи на кои ќе го ставите филот и сѐ заедно ќе испечете во рерна. Оваа генијална идеја ги воодушеви сите што ја имаат пробано. Ова е навистина најлесната и најбрзата пица што некогаш ќе ја направите.

Потребни состојки:

  • 1 тортиља (интегрална или пченична)
  • доматно пире
  • моцарела
  • шунка
  • шампињони
  • свеж босилок

Подготовка:

На хартија за печење ставете една тортилја. Врз неа наредете го филот на класичен начин како со обична пица: прво доматниот сос, па моцарелата, потоа шунката и на крајот шампињоните. Состојките можете да ги менувате по ваш избор, може да комбинирате и со капери, црни маслинки, рукола, лук, инчуни и друго. Важно е само моцарелата (или било кој друг кашкавал) да ја ставите втора, односно по доматниот сос, а сѐ друго да биде над неа.

Се пече на 160°C околу 10 минути, додека тортилјата не порумени и кашкавалот не се растопи. Тоа е тоа, послужете ја веднаш со свеж босилок одозгора и уживајте во малку поинаква, но подеднакво вкусна пица. Дефинитивно и помалку калорична.

реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Посна лазања со спанаќ и печурки

Read more

Се сеќавате ли на ламбада? Рецепт за оваа легендарна торта која буди носталгија

Read more

Лажна пица од зелка и компири место тесто

Read more

Рецепт на денот: Бакалар со леблебии и чери домати

Read more
 

Магазин

Четката за заби треба темелно да се мие еднаш неделно

Читај повеќе

Пет митови за шеќерот кои би можеле да ве спречат да изгубите тежина

Читај повеќе

Готвач открива кои јадења најмалку треба да се порачуваат во рестораните

Читај повеќе

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Читај повеќе

Очите ви се постојано суви? Можеби ви недостасува важна хранлива материја

Читај повеќе

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Читај повеќе

Бездомник во Италија доби на лото, едвај успеа да ги земе парите

Читај повеќе

Вашата крвна група можеби е „виновна“ зошто слабеењето ви е невозможна мисија

Читај повеќе

Три начини како да примите повеќе витамин Д во текот на зимата

Читај повеќе