Под црква во Мексико пронајден мистериозен лавиринт: Скриени соби и премини што водат до подземниот свет

Археолози пронашле неверојатно откритие на местото Митла во јужниот дел на Мексико – лавиринт од соби и премини скриени под црква што го претставува влезот во подземниот свет.

Кога древните Запотеци ги изградиле овие структури пред повеќе од 1.000 години, тие се сметале за храм и биле познати како Лиоба, или „место за одмор“. Се чини дека во рамките на оваа мрежа од ходници и сали, сместена на 5 до 8 метри под површината, има и неколку гробници.

Научниците ја скенирале областа на три начини; радар, томографија со електрична отпорност и сеизмичка томографија. Потоа ги обработиле сите податоци и создале детална мапа на овој скриен подземен храм. Денес на тоа место има црква изградена од мисионерите. Влезот во подземната мрежа е скриен зад олтарот.

Имено, кога пристигнале мисионерите, запишале информации за древниот лавиринт, а потоа го запечатиле влезот во Лиоба. Во списите на доминиканскиот отец Франсиско де Бургоа од 1674 година, постои опис на подземен храм кој споменува четири пространи, меѓусебно поврзани комори и неколку пештери и премини длабоко под земја.

Запотеците верувале во подземјето, обожувале повеќе богови, а ритуалите им биле многу важни. Експертите веруваат дека храмот се користел до крајот на XV век, по што со регионот најпрвин владееле Ацтеките, а потоа и Шпанците, пишува Science Alert.

Благодарение на најновите техники за 3D скенирање, археолозите успеале повторно да ја откријат и мапираат оваа древна мрежа на премини, при што ова е само првата фаза од проектот „Lyobaa“.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе