Редок црн канадски рис првпат „фатен“ на снимка

Биологот Томас Јунг видел исклучително ретка глетка на 29 август 2020 година, во близина на градот Вајтхорс во Јукон, Канада. За среќа, тој успеа брзо да го извади мобилниот телефон и да го сними првото видео од црн канадски рис (Lynx canadensis).

Овие големи мачки обично имаат сребрено-сиво крзно во текот на зимските месеци, а црвено-кафеаво во текот на летните месеци.

„Има само мал број записи за полиморфизми на влакното во родот рис. Прилагодливото значење на меланизмот кај рисот моментално е непознато“, напиша Јунг од Одделот за животна средина во Јукон во студијата.

„Имаше црно крзно со белузлаво-сиви заштитни влакна“

Црниот канадски рис потешко се камуфлира при лов, а тоа е најверојатната причина зошто ги нема толку многу во дивината.

Јунг го набљудувал животното од далечина од околу 50 метри. На рисот изгледа не му пречело присуството на луѓе. На видеото се слуша и лаење на куче, што можеби ја натерало големата мачка на крајот да ја напушти областа.

Со оглед на тоа дека „средбата“ меѓу биологот и рисот траела прилично кратко, експертите не можеле да направат детална анализа на бојата на влакното на ова животно врз основа на видеото, но неколку од нив потврдиле дека навистина се работи за канадски рис, пишува Science Alert.

„Тој имаше црно крзно со белузлаво-сиви заштитни влакна, како и белузлаво-сиви влакна на лицето и пределот на муцката“, изјави Јунг.

Remote video URL

Иако не е забележана значајна варијација во бојата на влакното кај канадскиот рис, крзното на некои други видови, вклучувајќи мечки и волци, може да биде неверојатно разновидно. Како и кај канадскиот рис, се смета дека бојата на влакното е поврзана со тоа како животните бараат храна, или можеби помага да се излади или загрее телото.

Реакција на промени во околината

Анализирањето на опсегот на можни бои кај популацијата на цицачи може да им помогне на научниците да следат како еден вид реагира на промените во животната средина.

„Поради зголемениот број којоти, кои се конкуренција за лов на плен, и помалку снежни врнежи поради климатските промени, намалувајќи ја ефективноста на камуфлажата на црниот рис, веројатноста за адаптација на канадскиот рис со меланизам се намалува“, пишува Јунг.

Истражувањето Paint it black: first record of melanism in Canada lynx (Lynx canadensis) беше објавено во списанието Mammalia.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе