Русија направи копија на Instagram: Доаѓа Россграм

Руските програмери лансираат клон на социјалната мрежа Instagram наречен Россграм откако во земјата беше забранета познатата американска апликација за споделување фотографии.

Според веб-страницата, Россграм треба да биде лансиран на 28 март за инвеститорите, спонзорите и медиумите, пред да се отвори за блогерите и другите корисници.

„Мојот партнер Кирил Филимонов и нашата група на програмери веќе беа подготвени за ваков развој на настаните и решија да не ја пропуштат можноста да создадат руска верзија на популарната социјална мрежа што ја сакаат нашите сонародници“, напиша Александар Зобов, коосновач на апликацијата, на социјалната платформа ВКонтакте, пренесува Reuters.

Россграм изгледа многу слично во дизајнот на Instagram - сѐ до боите на логото - следејќи ги фотографиите на неговата страница.

„Россграм е нова социјална мрежа со познат и разбирлив интерфејс, богати функции и едноставни услови за работа“, стои во објаснувањето на страницата.

Instagram беше исклучително популарен во Русија и клучен извор на приходи за многу мали бизниси и блогери, пишува NBC News. Сепак, Русија ја забрани апликацијата од 14 март, по потегот на земјата да ја прогласи матичната компанија на платформата за „екстремистичка организација“ според руските закони.

Неколку руски инфлуенсерки останаа во солзи кога минатата недела се збогуваа со своите милиони следбеници на интернет.

Русија претходно претстави голем број имитирани верзии на западни брендови откако компаниите ја напуштија земјата под закана од санкции. На пример, рускиот синџир за брза храна наречен Вујко Вања објави лого што потсетува на познатиот McDonald's.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Интернет

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Read more

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе