Руската Спутник V е најбараната вакцина во светот

Германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung во ново истражување пишува за популарноста на руската вакцина Спутник V, која од недела во недела станува дел од програмата за вакцинација во сè повеќе земји низ светот.

FAZ наведе дека руската вакцина е регистрирана во 38 земји. Руската вакцина стана особено популарна меѓу условно кажано посиромашните земји бидејќи дозите се прилично евтини бидејќи може да се добијат двете дози за помалку од 20 долари.

Весникот пишува дека руската вакцина е ценета и меѓу научниците, а доволен доказ за тоа е и тврдењето на The Lancet, стручно списание кое потврди дека се работи за ефикасна вакцина.

FAZ во текот на анализата го поставува прашањето дали навистина постоеше потреба за скептицизам за оваа вакцина. Скептицизмот особено се однесува на западните земји кои и понатаму имаат недоверба во Спутник V.

Сомнеж во руската вакцина неодамна изрази и Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, која изрази изненадување на фактот дека Русија нуди милиони дози на други држави додека кампањата во матичната држава и понатаму стои во место. Од Русија на ова прашање одговорија дека прашањето за вакцината не смее да се политизира.

Руската вакцина не е одобрена на подрачјето на Европската Унија. За нејзино одобрување надлежна е Европската агенција за лекови (ЕМА) која пред одобрувањето мора да изврши неколку испитувања.

„Мора да се достават сите податоци за пациентите од студии и да се прегледаат производните погони. Покрај тоа, ЕМА сега бара податоци за ефикасноста на вакцината против новите мутации. Според Гамалеја, руската вакцина би требало да помогне против британскиот и јужноафриканскиот сој. Меѓутоа, податоци за тоа сè уште не се објавени“, стои во анализата на FAZ.

Германскиот весник нагласува дека досега само 2,7 проценти од популацијата во Русија примиле барем една доза од вакцината. Заклучокот на FAZ е дека граѓаните и понатаму имаат мала доверба во вакцината.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе