Повторното собирање ан актерската екипа од „Friends“ („Пријатели“) што многу фанови го чекаат многу долго, ќе се случи во март следната година.
Информацијата прв ја потврди Метју Пери, кој го игра ликот на Чендлер Бинг во серијата.
„Собиранката на Friends е закажана за почетокот на март. Се чини дека ни претстои напорна година“, напиша Пери на Twitter.
Специјална епизода од серијата требаше да се снима во август годинава, но поради пандемијата со COVID-19 беше одложена за „помирен“ период.
Едночасовната специјална емисија, што нема да биде поврзана со серијата, повторно ќе ја собере оригиналната екипа: Пери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер.