ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Тите откри зошто на СП го носи и стариот Алвес: Не може многу да трча, но...

Фудбалската јавност синоќа беше многу изненадена од едно име кое се најде на списокот на повикани играчи во бразилската репрезентација за Мундијалот во Катар, а сега стигна и објаснување од селекторот.

Тите, кој го предводи Бразил од клупата и кој Бразилците го изговараат Чичи, синоќа го објави списокот со патниците за претстојниот Мундијал. На оваа листа некако штрчи името на 39-годишниот ветеран Дани Алвес (правилен изговор Алвис), кој летоска од Барселона премина во мексиканскиот гигант УНАМ.

Иако играат на различни позиции, многумина ги изненади фактот што Тиоте не најде место за напаѓачот на Ливерпул, Роберту Фирмину, а го стави „стариот“ Дани Алвес.

URL

Селекторот јавно го објасни повикот за ветеранот.

„Дани носи технички и тактички аспекти кои се импресивни, тој е личност која може да организира и да артикулира. Се разбира, тој повеќе не е човек што може да истрча 60 или 70 метри, но има други предности. Со повикот ги наградивме неговите технички квалитети, но и ментални и физички аспекти. Верувам дека физички ќе биде потполно подготвен“, изјави Тите образложувајќи ја одлуката на светскиот собир да го понесе и овој легендарен десен бек.

Дани Алвес настапува за Бразил од 2006 година од кога собра 124 настапи, а постигна и 8 гола. Во клупската кариера освои импозантен број на трофеи играјќи за Баиа, Севиља, Барселона (во два наврата), Јувентус, ПСЖ, Саун Паулу и УНАМ.

И покрај неговата поодмината возраст, сепак ова за него ќе биде само трет Мундијал. Бидејќи сениорски репрезентативец стана подоцна од вообичаено, кога имаше 23 години не беше повикан за Мундијалот 2006 во Германија, а репрезентативното деби го имаше есента истата година. Беше дел од Мундијалите 2010 во Јужна Африка и 2014 во родниот Бразил, а поради повреда на коленото го пропушти оној во Русија 2018.

реклама

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе