Трка за Марс: Кога човекот првпат ќе стапне на Црвената планета?

Со беспрекорното слетување минатата недела, Perseverance стана петтиот ровер на НАСА кој стигна до Марс. Кога може да се очекува дека и луѓето ќе стапнат таму?

Иако човечкото патување до Марс е технички речиси на дофат, веројатно е далеку со децении поради неизвесното финансирање.

Вернер фон Браун, творецот на програмата Apollo, започна да работи на мисија на Марс веднаш по слетувањето на Месечината во 1969 година, но планот, како и многу други по него, не се помести подалеку од теорија.

Зошто е толку тешко да се стигне до Марс? Прв проблем е оддалеченоста. Астронаутите би морале да патуваат 225 милиони километри до Марс во време кога планетата е релативно блиску до Земјата.

Треба да се има на ум дека астронаутите на долго патување со месеци се соочуваат со два големи здравствени ризици, зрачење и микрогравитација. Првиот го зголемува ризикот од развој на рак подоцна во животот, а вториот ја намалува густината на коските и мускулната маса. Значи, ако нешто тргне наопаку, сите здравствени проблеми ќе мора да се решат на самата планета.

Научниците научија многу од претходните мисии на Месечината и од летовите на астронаутите и престојот во вселенските станици, вели Џонатан Мекдауел од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.

Тој вели дека општите идеи за тоа како да се изврши мисија на Марс постојат, но недостасуваат деталите.

Еден начин да се намали изложеноста на зрачење е да се забрза патувањето, вели научникот Лора Форчик, објаснувајќи дека ова би можело да вклучува употреба на нуклеарен термички погонски систем што создава многу повеќе потисна сила отколку конвенционалните ракети со хемиски погон.

Друга опција би можело да биде изградба на вселенско летало со резервоари за вода што ќе го впие вселенското зрачење.

На Марс, тие исто така ќе треба да најдат начин да дишат во атмосфера со 95 проценти јаглерод диоксид. Perseverance на себе носи, чисто заради техничка демонстрација, инструмент што го претвора јаглерод диоксидот во кислород. Зрачењето исто така ќе биде предизвик на планетата поради нејзината многу тенка атмосфера и недостатокот на заштитна магнетосфера. Затоа, тие ќе треба да изградат засолништа, а можеби ќе треба и да ги ископаат под површината.

Remote video URL
Политичка волја

Експертите се согласуваат дека најголемата пречка е политичката волја на американскиот претседател и Конгресот.

„Ако човештвото како вид, особено американските даночни обврзници, одлучат да одвојат големи суми пари, би можеле да бидеме на Марс до крајот на 30-тите години на овој век“, вели Мекдауел. Тој не мисли дека тоа ќе се реализира дотогаш, но би бил изненаден ако тоа не се случи една деценија подоцна. Форчик се согласува со него.

Актуелниот американски претседател, Џо Бајден, сè уште ја нема изнесено својата визија за Марс, а НАСА се соочува со ограничувања на буџетот и веројатно нема да ја исполни својата цел да се врати на Месечината во 2024 година, што требаше да биде отскочна даска за стапнување на Црвената планета.

SpaceX

НАСА би можела да биде престигната од SpaceX, компанијата на Илон Маск. За летот кон Марс, милијардерот развива ракета од следната генерација, иако два прототипа експлодираа спектакуларно на последните тестови.

Можеби тоа на почетокот изгледа лошо, но дава вредни информации, изјави Скот Хабард, поранешен висок функционер на НАСА, кој сега е предавач на Стенфорд. Тој посочува дека SpaceX може да си го дозволи тоа, но НАСА како владина агенција не може.

Поради ова, SpaceX на крајот би можела да има предност пред НАСА, но ниту еден од најбогатите луѓе во светот не може да финансира цела мисија на Марс сам.

Хабард смета дека јавно-приватно партнерство е најверојатната опција. SpaceX може да обезбеди превоз, а НАСА може да реши и други проблеми.

реклама

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Читај повеќе
  • filter

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Читај повеќе

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе