Вакцината на AstraZeneca драстично го намалува ширењето на коронавирусот

Последните истражувања покажаа дека вакцината од британско-шведската компанија AstraZeneca драстично го намалува ширењето на коронавирусот, пренесе New York Times.

Според британските власти, резултатите покажуваат дека масовната вакцинација е клуч за запирање на пандемијата на коронавирусот.

Вакцината со заеднички напори е развиена од AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд, а не само што ги штити луѓето од сериозни болести и смрт, туку и драстично го намалува пренесувањето на коронавирусот.

Податоците од новото истражување ја акцентираат важноста на масовната вакцинација со цел да се стави крај на пандемијата. Истражувањето е спроведено од научници од Оксфорд и претставува првиот документиран доказ дека вакцината може да го намали пренесувањето на вирусот.

Научниците го анализирале влијанието на пренесувањето така што ги тестирале учесниците секоја седмица да бараат знаци на вирусот. Доколку вирусот не бил присутен меѓу учесниците во истражувањето дури и ако некој бил заразен, тогаш тоа е показател дека не можел да се шири.

Според резултатите, вакцината може да го намали пренесувањето на вирусот за две третини.

„Сега знаеме дека вакцините го намалуваат пренесувањето на вирусот и дека ќе ни помогнат да излеземе од оваа пандемија. Резултатите треба да ги уверат сите дека вакцината ги прави безбедни, но и дека со тоа ќе се спречи пренос на вирусот на други луѓе“, изјави за BBC британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Научниците заклучиле дека една доза од вакцината има ефикасност од 76 проценти во спречување на вирусот. Податоците се собрани во период од три месеци по давање на првата вакцина, освен тринеделниот период потребен заштитата да има ефект.

Овие податоци не можат да се генерализираат и не се однесуваат на други вакцини.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе