Во Лондон паднал договор: Ханси Флик ќе ја води Барса

Нов предводник на Барселона ќе биде германскиот стратег Ханси Флик. Ова го тврди угледниот шпански весник AS.

Според нивните информации, спортскиот директор на Каталонците, Деко, како и членот на спортскиот дел од менаџментот, Бојан Кркиќ Перес, изминативе денови биле во Лондон каде се сретнале со агентот на германскиот стратег, Пини Захави, и практично ги договориле сите детали околу неговиот ангажман.

Во Барселона се воодушевени како Баерн изгледаше додека на клупата седеше Флик, а особено што под негово водство баварскиот гигант му го нанесе еден од најтешките порази во историјата на Барса, оној од 8:2 во Лигата на шампионите.

Според AS, останува уште само претседателот Жоан Лапорта да се сретне со актуелниот тренер Чави Ернандес за да се стави крај на неговиот работен ангажман во Барса.

Шпанскиот весник наведува дека е постигната согласност договорот да биде потпишан на две години, а доколку резултатите во тој период бидат задоволителни ќе има можност истиот да се продолжи.

59-годишниот Ханс-Дитер Флик последно беше селектор на Германија од каде беше отпуштен на 10 септември лани по 4:1 дебаклот на пријателска против Јапонија. Германија ја водеше две години, а претходно исто толку го водеше Баерн. Пред тоа кратко работеше како асистент и спортски директор во Салцбург кај Џовани Трапатони и Лотар Матеус, а од 2006 до 2017 му беше прво асистент на Јоахим Лев во репрезентацијата на Германија и потоа спортски директор на истата.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Снегот се натрупува, отежнато движењето по улиците низ Чаир и Бутел

Read more

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Фудбал

Холанд им се извини на навивачите на Сити, се огласи и Пеп

Read more

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Read more

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Read more

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more
 

Спорт

Холанд им се извини на навивачите на Сити, се огласи и Пеп

Читај повеќе

Шок во Херниг, браќата Кошта ја решија Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракометарите ја победија Романија, но само со еден гол разлика

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе