Во понеделник почнува продажбата на билети за Македонија - Англија

Филип Здравески
/ 08.11.2023 / 19:00

Во понеделник, 13 ноември, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија - Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Фото: ФФМ

Натпреварот е во рамките на последното коло од квалификациите за ЕУРО 2024 во групата. Ќе се игра на 20 ноември (понеделник) со почеток во 20:45 часот.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 400 и 600 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија - Англија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Значи, билети онлајн нема да може да се купат.

Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

Северна трибина

Блок 13 и 19 - 400 денари
Блок 14, 18, 20 и 24 - 600 денари

Јужна трибина

Блок 1 и 6 - 400 денари
Блок 2, 3, 4  и 5 - 600 денари

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 - 400 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19 и 20 ноември од 10:00 до 18:00 часот.

Источна трибина

Нема билети во продажба, таму ќе бидат гостинските навивачи.

Продажни места:

Скопје:
• ЛитератураМК - „Сити Мол“
• ЛитератураМК - „Ист Гејт Мол“
• ЛитератураМК - „Веро Центар“
• ЛитератураМК - ТЦ „Буњаковец“
• ЛитератураМК - ул. „Македонија“
• ЈК Травел - ТЦ „Бисер“
• Макпетрол - Козле
• Макпетрол - ул. „Илинденска“
• Макпетрол - Влае

Битола:
• ЛитератураМК
• Тобако Брадрс

Велес:
• Унисон

Гостивар:
• Тобако Вона 5

Куманово:
• Тобако Агора

Охрид:
• ТА Вис Пој

Прилеп:
• ТА Бран

Радовиш:
• ТА Халкидики

Струмица:
• ЛитератураМК 
• ТА Сафари

Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако

Штип
• Сити Поинт Тобако

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Фудбал

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Read more

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Read more
 

Спорт

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе