Воен ветеран тренира мачка како во војска

Пензиониран кинески војник безвременските денови ги минува тренирајќи ја својата мачка да изведува акробации и потези карактеристични за оние тренирани воени и полициски кучиња.

Јоу Гуопин живее во селото Сјанпози во близината на кинеската престолнина Пекинг.

Неговата мачка по име Ганбен, што значи „монета“ на мандарински, сега се обучува да избршува специјални задачи како да е дел од војска.

Тој често ги снима тренинзите и видеата ги поставува на социјалните мрежи, по што стана популарен во Кина. Но, не сите се воодушевени од неговите постапки.

„Многумина мислат дека ја терам на сила мачката да тренира, а некои дури и велат дека сум ја тепал за да ме слуша. Напротив, тој метод е тотално неупотреблив кај мачките бидејќи за мачка да ве слуша треба да ја убедите во тоа“, вели Јоу.

„Нормално е да се добијат и позитивни и негативни критики, сѐ додека во моето срце сум сигурен дека не ја злоупотребувам мачката“, додава.

Remote video URL

Јоу чува и куче, а често и него го тренира. Според видеата, изгледа како и двете животни да уживаат во тренинзите на Јоу, како и во друштвото едно на друго.

„Мислам дека мачката е таа која најмногу ми прави мерак. Без нејзиното разбирање мислам дека не би можел да ги изведувам овие тренинзи, така да морам нејзе да ѝ се заблагодарам“.

Тој во армијата имал задача да тренира армиски кучиња, така да има вештини за работа со животни. Сепак, никогаш претходно не тренирал мачка.

„Тешкото во тренирањето мачка е тоа што нејзината стабилност е многу ниска, тоа е првиот проблем. Вториот е тоа што нејзината издржливост и физичката способност ѝ се исто така на ниско ниво, и како трето, мачките многу лесно се деконцентрираат. Воопшто не е лесно да успеете на мачка да ѝ го задржите вниманието“, објаснува Јоу.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе