Десерт на денот: Чоколаден ролат

Совршен десерт за крај на напорниот ден.

Потребни состојки за кората:

-6 јајца

-6 лажици шеќер

-6 лажици брашно

Фил:

-200 мл слатка павлака

-200 г бело чоколадо

-1 лажичка инстант кафе

-100 г путер

-50 г шеќер во прав

Чоколадна глазура:

-150 г чоколадо

-4 лажици масло

Начин на подготовка:

Изматете цврст шлаг од белките. Посебно изматете ги жолчките со шеќерот. Полека додавајте брашно, а потоа внимателно во смесата вмешајте го шлагот од белки. Мешајте полека, со лажица.

Плехот за печење обложете го со мрсна хартија за печење. Ставете ја смесата и испечете ја кората на умерена температура. Додека е уште топла ставете ја на влажна крпа и завиткајте како ролат.

Слатката павлака ставете ја во тенџере и стоплете ја, тргнете од шпорет пред да зоврие. Веднаш додадете лажичка инстант кафе и вело чоколадо, па мешајте додека чоколадото не се стопи. Оставете да се олади.

Посебно изматете ги путерот и шеќерот во прав, а потоа спојте ја смесата со кремот од слатка павлака. Матете неколку минути додека кремот не зацврсти.

Одмотајте ја кората и намачкајте со кремот, па повторно замотајте како ролат. Премачкајте со чоколадната глазура која ќе ја подготвите така што на пареа ќе ги стопите чоколадото со маслото, а кога ќе се олади ќе го премачкате ролатот.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Рецепти

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more
 

Магазин

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Читај повеќе

Кето диетата може да го забрза формирањето на „зомби“ клетки

Читај повеќе

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе