Io Saturnalia! - денес завршувал најголемиот римски празник

Празнувањето на Сатурналија (Saturnalia) почнувало на 17 декември и кулминирало на 23. Според многумина, со раширувањето на христијанството Сатурналија била заменета со Божик.

Сатурналиите биле древен римски фестивал во чест на богот Сатурн. Првично се празнувало на 17 декември, потоа празнувањето било продолжено до 21 за да ја опфаќа и краткоденицата, а подоцна свеченостите биле дополнети со уште два дена и кулминирале на 23 декември.

Се прославувало се принесување жртви во храмот на Сатурн кај римскиот Форум, јавни гозби на кои луѓето си разменувале подароци, забави и карневалска атмосфера. За време на сатурналиските карневали престанувале да важат римските друштвени норми: коцкањето било дозволено, а господарите ги послужувале своите робови. Се организирале и гладијаторски борби, а убиените гладијатори биде сметани како принесување жртви на Сатурн.

Иако бил најпопуларен римски празник, не е пронајден ниту еден антички извор каде детално се опишува Сатурналијата. Информациите со кои денес располагаме се составени од неколку различни извори кои се надополнуваат еден со друг.

Во рамките на домот на едно просечно римско семејство празникот започнувал со принесување на жртва на Сатурн преку колење на прасе. По гозбата, роднините и пријателите си подарувале подароци како восочни свеќи (cerei), симбол на зимската краткоденица (bruma) и тестенини или теракотни фигурини (sigillaria) посветени на богот Сатурн.

Римските граѓани за време на Сатурналиите се поздравувале со Io Saturnalia! Не се знае како точно се изговарал извикот Io - или бил со две согласки како „Ио“ со кратко И и долго О, или бил едноставно „Јо“.

За повеќето Римјани Сатурналија бил најубавиот период во годината, барем така сведочи поетот Гај Валериј Карул кој живеел во доцниот период на Римската Република, во последниот век пред новата ера.

Со раширувањето на христијанството во Рим, Сатурналија полека заминувала во заборав, а на нејзино место никнал нов празник - Божик, во чие празнување веројатно се кријат многу елементи на старата Сатурналија.

Сатурналијата денес се одбележува ширум светот обично од страна на студентите по латински јазик и римска култура.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе